На прво место

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“

Со традиционалната манифестација почнува одбележувањето на Илинден и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и со свечена програма, вечерва во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“.

Со нејзиното отворање започнуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

Програмата почнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Даме Груев, по што делегации на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ја посетат Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево.

Во 18 часот, пред Столбот на Крушевската Република, кој се наоѓа до црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево, свечено ќе бидат пречекани илинденските коњаници. Потоа ќе биде формирана поворка која ќе се упати кон платото на Гумење.

– Очекуваме од 120 до 140 коњаници од повеќе места во Македонија. Со посебен пиетет ќе им биде оддадено признание на коњаниците, кои ги продолжуваат илинденските традиции – изјави Захарија Ангелеска од Националната установа – Дом на културата „10 Дена Крушевска Република“.

Делегациите ќе положат цвеќе и ќе им оддадат почит на македонските херои и на повеќе значајни спомен-обележја: гробот на Питу Гули на Гумење, споменикот на Партизанските гробишта, гробот на Тоше Проески, криптата на илинденските востаници и бистата на Веле Марко.

Во 19:30 часот, пред споменикот „Илинден“, ќе биде отворена изложбата на Државниот архив, насловена „Илинденското востание во архивската меморија“.

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 20 часот на Гумење. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, читање на Крушевскиот манифест и традиционално симболично пукање од Црешовото топче – еден од најпрепознатливите симболи на Илинденското востание и Крушевската Република.

Покрај свечениот дел на Гумење, музичка програма ќе се одржува и во Градскиот парк во центарот на Крушево.

– Годинава главен покровител е Општина Крушево. Подготвена е интересна програма, при што го зачувуваме традиционалниот начин на празнување. Главното збиднување ќе биде на Гумење, додека забавниот дел ќе се одвива во Градскиот парк во центарот на Крушево – истакна Ангелеска.

Централното чествување на Илинден ќе се одржи утре, на 2 август, на Мечкин Камен. На Големиот народен собир е најавено обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

Крушево и годинава ќе биде средиште на сенародното чествување на Илинден – празникот што ги обединува споменот за храброста на илинденците, слободарскиот дух на македонскиот народ и вековниот стремеж за слободна и самостојна Македонија.

Најново од: На прво место

Македонија е АМАНЕТ, Македонија е ЗАВЕТ

МАКЕДОНСКИ АМАНЕТ! Македонија е аманет, завет што се пренесува од колено на колено. Македонскиот аманет е наследство оставено од илинденците, од асномците, од борците за национална слобода и државност, од сите оние што верувале дека Македонија заслужува да биде слободна, достоинствена и своја. Да се биде чувар на Македонскиот аманет значи да се носи одговорност […]

„Илинден во нашите срца“ – нова поетска антологија на Македонците од Австралија

Душан Ристевски-Македон Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј објави антологија со песни посветени на Илинден и на илинденците – трајно сведоштво за љубовта кон Македонија, непокорот и борбата за зачувување на македонскиот идентитет. По повод Илинден, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја објави поетската антологија „Илинден во нашите срца“, во која се […]

Како се организирало Илинденското востание 1903 година?

Илинденското востание не било спонтан бунт, туку резултат на долгогодишно организирање на македонскиот народ, создавање тајна револуционерна мрежа и повеќемесечни непосредни подготовки. Зад него стоела Македонската револуционерна организација, која преку своите комитети, чети и доверливи канали успеала да подготви масовно востание против османлиската власт. Уште од основањето на Организацијата во Солун во 1893 година, низ […]

Традиционалните 53. Љубански илинденски иселенички средби

Љубојно повторно ги собра Македонците од татковината и од светот во чест на Илинден, македонската традиција и нераскинливата врска со родното огниште На 1 и 2 август 2026 година во Љубојно се одржаа традиционалните „53. Љубански илинденски иселенички средби“. Оваа манифестација има големо значење не само за Љубојно и Преспа, туку и за цела Македонија, […]

Македонски историски календар: 1 август – предилинденскиот повик, храброста и жртвата за Македонија

На 1 август, се навршуваат годишнини од повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Денот особено останува запаметен по последните подготовки за Илинденското востание и по херојската смрт на војводата Јордан Пиперката. На 1 август 1857 година, во костурското село Загоричани, во Егејскиот дел на Македонија, е роден Анастас Јанков – македонски револуционер, офицер […]

Владата прогласи кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Кризната состојба ќе важи на целата територија на Македонија во период од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Одлуката ќе важи 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 […]

Благодарници за ЕЗРМ и ФХЕМ за донацијата на Светиот крст од Ерусалим

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) и Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) добија благодарници за донацијата на Светиот крст од Ерусалим за црквата „Света Огнена Марина“ во Зубовце. Светиот крст е донесен од Ерусалим и осветен на Каменот на Помазанието во храмот на Светиот Гроб – едно од најсветите места во христијанството. […]

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик Млади Македонци од дијаспората ќе го изучуваат мајчиниот јазик и ќе се запознаваат со македонската култура, историја и традиција Премиерот на Владата на Република Македонија во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници […]

To top