На прво место

Во 13 век Иван Иеракар се изјаснува – „Јас сум по род македонец“

ivan-ierakar2

ivan-ierakar2

Македонија и Македонците не постојат од вчера. Тоа се провлекува низ вековите, па дури и кога земјата е поделена и со неа владеат разни освојувачи. Во историските документи постојот голем број на докази дека името Македонија во континуитет се појавува а населението во Македонија се изјаснувало според територијалната припадност. Во 1891 г. кардиналот Ј. Рitrа објавил зборник на документи, на број 155, кои се однесуваат на Охридската црква во време архиепископувањето на Димитрија Хоматијан во периодот од 1216 до 1235 госина.

Разгледувајќи ги документите од овој период Д. Ангелов („Принос към народностните и поземлени отношениа в Македониа“, стр. 11 – 12 и сл.; 43).  доаѓа до заклучок дека мнозинството од населението го сочинувале Македонците. До ваков заклучок Ангелов дошол врз база на проучувањето на синодалните акти за народноста на поданиците на Епирската држава. Имено, тој заклучува дека „вториот по значење и по бројност народносен елемент во границите на Епирскиот деспотат во даденото време биле Македонците, за кои во актите на Архиепископијата станува збор многу често (повеќе од 50 споменувања)”. Всушност според Д. Ангелов, Македонците тогаш го „образувале основното, преовладувачко население”,

Од синодалните акти на Охридската архиепископија (Ив. Снегаров, во „Историа на Охридската архиепископиа“, I, стр. 250, – док. бр. 72), ги изнесува доказите во кои се гледа како Иван Иеракар на почетокот на XIII век, се изјаснува дека по род е Македонец и дека потекнувал од с. Власто, сегашното Велесто, во Охридско. Покрај ова охридско село од актите на Архиепископијата Снегаров ги издвоил како села со словенски називи и: Ела (сегашното Елшани?), Езерјани, Роби, како и личните имиња: Братан, Радов, Грида, Дража, Дрвослав, Драгомад, Саракин, Добри, Велкан и др.

Ваквото именување на жителите на Македонија според Д. Ангелов, било „со оглед на нивната територијална припадност”. Ова може да се види и од словенскиот запис во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак, во кое лицето Братан во средината на XIV се потпишал дека е од Македонија. Овој словенски запис е откриен за време на истражувачките работи околу архитектурата и живописот на црквата „Св Ѓорѓи“ во 1967/68 година. (Расолкоска-Николовска, Црквата Св. Ѓорѓи во Горен Козјак во светлината на новите испитувања -Зборник „Кирил Солунски”. Књ. I. Скопје, МАНУ 1970, стр. 222). Иако 3. Николовска смета дека тоа се однесува најверојатно на оној дел од Македонија што се наоѓал во овој период надвор од границите на српската држава, сепак споредувајќи со другите делови од Македонија, може да се види дека без разлика дали со неа во овој период владееле Византија, Србија или Бугарија населението од Македонија, се изјаснува како Македонци по род.

Сепак писмото од Никифор Григора за јазикот и обичаите на населението од струмичкиот крај во 14 век даваат многу интересни податоци.  Инаку Никифор Грегора (р. околу 1295 г.) спаѓа во редот на најважните византиски историчари од XIV век. Во неговата „Ромејска историја” се наоѓаат значајни податоци за настаните на територијата на Македонија во првата половина на XIV век. Изводот што овде се дава е земен од писмото што тој го испратил до својот пријател Андроник Зарида во 1326 г.

Од писмото на Никифор Грегора до Андроник Зарида

„… Верувам, знаеш дека Стримон е непреодна река и за пешаци и за коњаници, бидејќи е и најголема од сите тие што ја сечат Тракија и Македонија и што се вливаат во Хелеспонт и Егеј…

Овој Стримон, којшто од такви извори настанува станувајќи толку длабок, го минавме на еден сосема мал чун, еден по еден, некако по двајца, а понекогаш и по тројца, со товарните добици дури, па така го поминавме и денот…

Потребни ни беше, всушност, и место за преноќевање и место за одмор, а ние згрешивме и патот го продолживме надевајќи се дека секако ќе сретнеме бргу некоја гостилница пред да минеме петнаесет стадии од патот што се протегаше…

Така ние тргнавме напред кога ненадејно ни излегоа од тамошните карпи и бездни некои луѓе облечени во црни облеки од волна и руно, коишто некогаш биле земени од животни на кои секако им биле потребни, демонски некои прикази, воопшто не беа тешки оружјоносци, туку лесно вооружени со оружје во рацете за борба одблиску, некои копја и секири…

Повеќето од тие предели беа преселеници од Мизите (се однесува на Македонците) и живееја мешано со нашите соплеменици…

Тие со неколку збора ни ја објаснија причината за нивното присуство во тој крај: стражи се на патиштата…

Веќе третината од ноќта мина, во тоа се уверивме по ѕвездите над глава, кога наскоро лаењето на кучиња, што доаѓаше од далеку, ни укажа дека гратчето е населено и дека може да им даде уточиште на измачени луѓе, ако не совршено, тогаш барем полошо од совршено. Забрзано се упативме натаму…

Следното утро по цел ден одење стигнавме во едно гратче, над облаците, што се вели, Струмица, така некако наречено од месното население, сместено на една откината и ѓаволски висока планина, такашто тие што седеа на тврдината, гледани од долината, прилегаа на птици (средновековната тврдина над Струмица)… Таму обично се говорат варварски дијалекти (македонски дијалекти според сличните примери од Теофилакт Охридски и др.) а начинот на животот необично им одговара на луѓе што се служат со мотика. Звуците што ги произведуваа беа полуварварски, но складни како миксолидиските, па ако треба да се каже и миксофригијаските. Јазикот што го зборуваа е јазик на овчари, напоменува на јазик на планинци и на оние што ги водат стадата по карпите и ридиштата.

Во тој крај ние го минавме целиот ден и како што прилега го прославивме тој празник (се однесува на Велигден) оддавајќи се на одмор и разонода…

Три дена по поаѓањето од нашиот крај, дојдовме до гратчето Скопје, кое се наоѓа во Трибалските планини (Скопје во овој период е во власт на Србите). Тука ја видовме реката Аксиос, која го допира гратчето, а најголема ни се стори по Стримон, а од истите планини се спушта и не е толкава од изворот, туку низ низина минувајќи и другите планински потоци прибирајќи ги во својот ток, го менува името во Вардар, пловен веќе понекогаш и понекаде…“(Nicephor Gregoras, Correspondance. Paris 1927, p.30-50)

Она што овде го привлекува вниманието е описот во кој Никифор Григора го опишува јазикот на обичното месно население за кој вели дека „Звуците што ги произведуваа беа полуварварски, но складни како миксолидиските, па ако треба да се каже и миксофригијаските“. Ако ова население зборува на јазик кој потсетува на мешан фригиски јазик, тогаш треба да се навратиме на теоријата која ја дава професорката Наде Проева за потеклото на античките Македонци во кој вели дека се тие биле етнички супстрат на средно-балканските племиња во кои влегуваат Пајонците, Пелагонците и Бригите.  За потсетување, дел од Бригите по Тројанската војна се отселуваат од територијата на Ематија(Македонија) во Мала Азија, а лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на стотината македонски глоси (остатоците од протогениот македонски јазик). Во историјата за Александар Македонски се вели дека кога го зазел градот Гордион (престолнината на фригиските кралеви) и требал да го одврзе гордиевиот јазол тој зборувал на својот мајчин јазик и се разбирал со населението.

Доколку ги поврземе овие податоци, дека Грците честопати го именувале народот во Македонија како Мизи, потоа зборувале на јазик кој наликува на мешан лидиски или фригиски јазик, а на кој зборувале и античките Македонци од времето на Александар, тогаш како да доаѓаме до уште една од нишките кои ги поврзува античките Македонци со Македонците од средниот век, а со тоа и денешните Македонци.

Иако овде се прикажани само мал број на факти, овие податоци се во прилог на континуитетот на името Македонија и македонското население на оваа територија, притоа не оспорувајќи дека во одредени периоди доаѓале освојувачи кои се населувале и подолг период престојувале во земјата. Доколку повеќе од 500 години не успела Турците да го асимилираат домашното население, тоа сигурно не го направиле ниту Римјаните, ниту Грците за време на Византија.

Тихомир Каранфилов

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top