На прво место

Пратениците да ги застапуваат граѓаните кои ги имаат изгласано, а не партиите на кои припаѓаат

Реакција на ОМД по Повод Престојната Седница за Законот за Јазици

По повод вчерашната изјавата на Премиерот Заев дека се очекува оваа недела да биде донесен спорниот Закон за употреба на јазиците, ОМД како најголема организација на Македонците во дијаспората изразува силно несогласување и сериозна загриженост за актуелната политичка ситуација и можните долгорочни последици по унитарниот карактер и сувереноста на државата.

Истовремено, ОМД ги повикува пратениците во Собранието на Република Македонија, во овие крајно загрижувачки моменти за државата, да ги застапуваат граѓаните кои ги имаат изгласано, а не партиите на кои припаѓаат.

Го потсетуваме Премиерот дека современа и успешна демократија се гради исклучиво почитувајќи ги трите столба на фунцкионалност на демократска држава – независни законодавна, извршна и судска власт и секое директно мешање или вршење притисок врз пратениците на Република Македонија за избрзани и противуставни решенија е контрапродуктивно и има долгорочни последици. Особено доколку не се почитува деловникот. За жал догогодишното практикување непринципиелна политика во Република Македонија, која со последниот чин на Премиерот Заев на директен притисок врз независна законодавна власт – Собранието на Република Македонија, создава крајно загрижувачка ситуација која наместо да створи соживот, почитување на Уставот и Законите на Репубика Македонија, всушност рефлектира длабоко нарушување на демократско функционирање во Македонското општество.

Го потсетуваме Премиерот Заев и СДСМ на предизборната програма во 2016 каде во точка 1.2 Контрола над власта, СДСМ се залага за силно Собрание, департизирана полиција, независно судство, слободни медиуми итн. Во таа точка Вашите цели се силно Собрание кое нема да се сведува на гласачка машина, како и заложбата за Собрание со изразен плурален, демократски капацитет кој ќе стимулира отворена дебата, широки консултации и вистинска контрола од избраната извршна власт. Согласно со досегашното делување на Собранието, ОМД е со став дека капацитот не е достигнат, не постои широка дебата, ниту пак Собранието консултира релевантни институции и интелектуалци, ниту пак има контрола врз работа на Владата на Република Македонија.

Наместо овие заложби кои требаа да преставуваат живот во Република Македонија, вчера вие со Вашата изјава ги погазивте вашите предизборни заложби на најлош можен начин.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top