На прво место

Димитар Димовски: На 30-ти септември, НЕ ГЛАСАМ

На 30-ти септември, НЕ ГЛАСАМ

Пред речиси четири месеци, обраќајќи му се јавно на Зоран Заев, преку колумна, му порачав:

„На крај, претседателе на Владата, ќе се обидам да ти се обратам пријателски, на лесно разбирлив јазик, како некој што лично го познаваш, некој што порано многу пати ти подал рака и си го почитувал. Зоки, другарче, немој. Врати се чекор назад. Раскини го договорот со душманите. Нѐ не носи сите во провалијата од која нема да излеземе повеќе на површина. Од живата кал во економијата во која не внесувате, од лагите и од осиромашувањето, ќе излеземе некако, со многу труд, со работа, со желба, со чесност. И белата чума ќе ја искорениме. Но, ако сега ја турнеш Република Македонија во провалијата на обезличувањето и обезкоренувањето, нема никогаш повеќе да можеме да ја повратиме. Не постои начин. Ќе направиш од нашиот народ крпа за бришење. Ќе ни го сотреш семето и ќе ни ги уништиш поколенијата. И моето, и на моите блиски, но и твоето и на твоите блиски. Не ги прави да бидат луѓе без корен, без огниште, без свој дом. Не ги обезличувај нашите поколенија. Остави ги да бидат тоа што се – Македонци!“

Кога му го порачав ова, човечки и искрено од моја страна, се надевав дека можеби останало нешто човечно, нешто Македонско и во него. За жал, не останало.

Денеска, кога се наближува 30-ти Септември, денот на кој Македонскиот народ треба да одлучи за своето постоење, за своето минато и својата иднина, се обраќам јавно до секој Македонец, до секој родољуб, патриот, до секој чесен и честит домаќин, земјоделец, работник, до секој млад кој се родил во слободна и независна Република Македонија.

Јас, Димитар Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ; родум од Берово, Република Македонија, НАШАТА МАКЕДОНИЈА; сопруг и горд родител на две деца Македонски, кои ги љубам повеќе од себе си; син на мајка и татко Македонци, чесни работници; внук на дедо Љубомир, носител на одликувања од НОБ; правнук на дедо Давитко, носител на Илинденска споменица; НЕМА ДА ИЗЛЕЗАМ ДА ГЛАСАМ НА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ.

Нема да излезам да гласам за укинување на нашата историја, нашата култура, нашиот идентитет. Нема да излезам да гласам за да не им се превртуваат коските на моите претци во гробовите.

Нема да излезам да гласам, за моите деца и нивните идни потомци, но и Вашите деца и нивните идни поколенија, да не бидат обезличени, да не бидат дрво без корен.

Нема да излезам да гласам, бидејќи не се гласа ниту за НАТО, ниту за Европска Македонија, како што лажат јавно, туку ќе се гласа за Северна Македонија, за создавање на нов, вештачки народ, за уништување на Македонскиот народ и за ништо друго.

Нема да излезам да гласам, за да не им дадам легитимитет на велепредавството и лагите на Зоран Заев и останатата армадила домашни душмани на Македонија. Нема да бидам соучесник во овој нај капитулантски и кукавички чин кој и го прават на Македонија.

Секој од Вас, нека се погледне во душата и во срцето и нека си најде своја причина за да покаже дека е Македонски непокор, Македонски пиреј, дека со право се нарекува Горд Македонец. Секој од Вас, нека се одважи и нека не дозволи да бидеме никој, ништо и од нигде. Нека се одважи да ја сочува Република Македонија и Македонскиот народ.

На 30-ти Септември, јас како православен христијанин, ќе го празнувам големиот христијански празник „Вера, Љубов и Надеж“, со голема верба во македонскиот народ и неговата мудрост, со љубов кон ближните и мајка Македонија и со надеж дека Македонскиот пркос ќе биде по силен од кога и да ѐ до сега.

Димитар Димовски

Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

https://kurir.mk/kolumni/na-30-ti-septemvri-ne-glasam/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top