На прво место

Црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее!

Министерството го забранува, за францускиот амбасадор во Македонија „Ругање со Христос“ е ремек дело

„Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва. Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред сѐ како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова“.

Кристиан Тимоние
Француски амбасадор

Thank you.I watched the movie this night.I understood it more as a meditation on the heritage of a culture of violence than anything else and first of all an anthem to life and love.Thank you for this .

Christian Thimonier
French ambassador

Ова му го напишал на режисерот на филмот, Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, а го објави Бојаџи на неговиот ФБ профил.

Бојаџи на коментарот на амбасадорот возврати:

„Му благодарам на Амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот ,,Ругање со Христос,, и за мојата работа како уметник воопшто. Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за ,,кодошење,, на сопствента земја кај странци. Но веќе немам избор.

Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои подржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и подржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее! Борбата е тешка. Ама ќе победиме. Вистината, секогаш победува, нели?”

Republika.mk

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top