На прво место

Дали како Македонци и како членови на ВМРО-ДПМНЕ имаме барем трошка совест и почит!?

Добро луѓе, дали како Македонци и како членови на ВМРО-ДПМНЕ имаме барем трошка совест и почит!?
За помалку од 7 дена од денес, Груевски треба да се јави за да ја издржува затворската казна за мерцедесот бидејќи судот го одби барањето за одложување. Но за тоа никаде никаква реакција. Човекот во кого 15 години се крстевме оддеднаш стана неважен, повеќето од “големите” вмровци во негово време кои едвај чекаа да се сликаат со него сега веќе ги имаат избришано сликите. Луѓе, ја изгубивме човечноста. Им успеа сценариото да одењето на Груевски во затвор треба да биде нормално и да не ни значи ништо! Алооооо! Тој беше 15 години водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство! Тој е во оваа ситуација сите знаеме зошто! И навистина како современик со времето кога владееше Никола Груевски неможам и нема да кажам дека ова што се случува е нормално! Партијата и членството кои тој ги водеше и издигна на ниво апсолутно да владеат повеќе од 10 години за жал не превземаат ништо барем за морална поддршка ако поинаква не е можна. Како член на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека членството мора да се организира и да му даде поддршка на Груевски! Ова што му се случува на Груевски е неправда! А кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!
Браќа и сестри,
Македонци и Македонки,
Размислете добро, дали можеме да останеме рамнодушни и да молчиме пред неправдата!? Ајде заедно да го победиме стравот, да се организираме и да бараме правда! Бидејќи кога нема правда, нема мир!
Размислете!

Александар Трајковски

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top