На прво место

Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година

nova-godina

nova-godinaНова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.

Грегоријанскиот календар

Новата година според Грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Во земјите кои го користат Грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Јулијанскиот календар

Јулијанскиот календар е стар црковен календар кој се користи од Македонската Православна Црква, Српската Православна Црква, Руската Православна Црква, Украинската Православна Црква и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. За разлика од Грегоријански календар овој календар е поназад за 13 дена во периодот 1900-2100 година и се зголемува таа разлика за 1 ден по 2100 година.

При заземањето на Египет од страна на Рим, Римјаните се запознале со новиот за нив начин на пресметување на времето и Јулиј Цезар решил да го воведе и во Рим, но со поголема точност, за да ги поврзе сончевата година со онаа од Европа, односно Сонцето со европската пролет, лето итн.

По наредба на Јулиј Цезар, математичарот од Александрија Созиген создал римски календар, наречен Јулијански. Така, бил воведен во Римската империја на 1 јануари 46 година п.н.е. со кое од 1 јануари започнувала годината.

Според овој календар една година трае точно 365 денови и 6 часа. Секоја четврта година се смета за висококочна и се состои од 366 денови.

Источната Православна Црква се уште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на Стара Нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник..

Кинеската Нова година

Кинеската Нова година, позната е и како лунарна (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според Грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.

Еврејска Нова година

Рош Хашана е еврејска Нова година и во буквален превод од еврејски јазик значи „глава на годината“.

Во јудаизмот има четири чествувања на “новата година” и секое од нив обележува различна “година” од правна гледна точка. Како што во грегоријанскот календар, 1 јануари ја обележува “Нова година”, во исто време има и други датуми кои го обележуваат почетокот на фискалната, учебната или другата “нова година”.

Рош Хашана ја обележува новата година за луѓето, животните и правните договори. Во Мишна овој ден е наречен и како денот, од кого започнуваат да се бројат календарските години, како и шмита (седмата година, време во кое е забрането да се обработува земјата) и годината јобел (годината после шмита).

Овој празник во традиционалниот јудаизам се слави на први и втори тишри (септември – октомври). Во Библијата овој ден е означен како ден на собирање и дување во труби (Лев 23,24), а славењето на овој празник како почеток на новата година има свое потекло во Талмуд бидејќи таму овој ден се сметал за празник на раѓањето на светот. За разлика од обичаите на другите народи, кај Евреите овој празник се слави сериозно, со присетување на гревовите и покајание. Се дува во шофар, чии звуци, кои потсетуваат на плач, треба да повикаат на покајание.

Традиционалниот јудаизам знае за обичај според кој во текот на првото попладне од овој празник се оди на некоја река каде што има риби. Се кажуваат молитви, а во вода се фрлаат трошки леб што го симболизира отфрлањето на гревот. Со овој празник започнува периодот кој се нарекува „десет дена каење“ и се завршува со празникот Јом кипур.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top