На прво место

Коњаницата Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ по седумнаесети пат тргнува кон славно Крушево

Македонска Нација

Македонска Нација

На 26 јули 2026 година, Коњаницата Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ по седумнаесетти пат ќе го продолжи илинденскиот марш од Зубовце до Крушево и Мечкин Камен, по пат долг околу 200 километри.

Во здружената Коњаница Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ учествуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, коњаницата „Илинден“ од селото Радово – Струмичко, „Костурска чета“ од Битола, како и коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Радовиш.

Тие не носат само знамиња – тие го носат заветот на илинденците. Завет дека жртвата на македонските револуционери никогаш нема да биде заборавена и дека нивната борба за слободна Македонија ќе продолжи да живее во колективната меморија на македонскиот народ.

Тргнувајќи од Зубовце, коњаниците ќе поминат низ Тумчевиште, Гостивар, Бигорскиот манастир, Јанче, Галичник, бачилата на Бистра – Салтаница, Сулумуница и Раштанец, манастирот во Кнежино, кичевските села, Вранештица и Цер, сè до Крушево и Мечкин Камен.

Коњаницата Бигорски Манастир „Патот на Црешовото Топче“ е формирана во 2010 година од група македонски родољуби, со една возвишена цел – да им се оддаде почит на илинденците и да се зачува споменот на нивната борба, жртва и непокор.

Секој удар на коњичките копита по македонската земја го буди споменот на оние што ја положиле својата младост пред олтарот на слободата. Во тој звук се слушаат камбаните од македонските цркви, песните за комитите, пукотот на црешовите топчиња и последните зборови на хероите што заминале во смрт со името Македонија на усните.

Затоа оваа коњаница не е обичен марш. Таа е симбол на живата македонска меморија и достоинствен отпор против сите обиди да се избрише, преименува или присвои македонската историска вистина.

Таа е порака дека Македонија не започнала со некаков договор, со нечија комисија или со потпис ставен под туѓо барање. Македонија постоела многу пред денешните политички трговци и ќе постои и вечно.

Македонија се раѓала и се бранела со крв, вера, молитви и жртви. Со топовски цевки направени од црешово дрво, со селски камбани што повикувале на востание и со песните во кои народот ги овековечил своите комити, војводи, херои и родољуби.

Коњаницата не е фолклорна претстава – таа е протест против заборавот. Таа е повик до младите да ги познаваат своите корени, да ги изговараат имињата на своите херои и да се гордеат што се Македонци.

Коњаницата „Патот на Црешовото Топче“ им порачува на младите:

Не дозволувајте друг да ви ја пишува историјата.

Не дозволувајте друг да ви го одредува името.

Не дозволувајте некој да ве убедува дека треба да се откажете од своите предци за да имате иднина.

Народ без минато нема патоказ кон иднината. Народ што ги заборава своите херои полека се заборава и самиот себеси.

Коњаницата е порака и до сите политичари што мислат дека можат да тргуваат со она што не им припаѓа. Името, јазикот, историјата, културата и идентитетот не се сопственост на ниту една влада, партија или генерација. Тие се наследство добиено од предците и свет завет што мора да им се предаде на идните поколенија.

Заврши времето во кое Македонија можеше да биде обезличувана заради туѓи интереси, туѓи уцени или лични привилегии. Со Македонија не се тргува.

Коњаницата сведочи дека Македонија сè уште има синови и ќерки што не ја заборавиле својата мајка. Луѓе што не прашуваат колку е долг патот, колку е стрмна планината или колку е силно сонцето. Тие знаат дека до Крушево не се оди само со коњ – до Крушево се оди со чисто срце, со вера и со љубов кон татковината.

Кога коњаниците ќе се поклонат пред Бигорската светиња и ќе го примат благословот за пат, тие не тргнуваат само кон географска точка на картата. Тргнуваат кон македонскиот олтар на слободата.

Тргнуваат кон Крушево – градот во кој македонскиот народ му покажа на светот дека е способен да создаде Република втемелена врз слободата, човечкото достоинство и заедничкиот живот.

Тргнуваат кон Мечкин Камен, каде што во секој камен, во секоја педа земја и во секое планинско ехо живее споменот на илинденците.

Секој што ја следи Коњаницата „Патот на Црешовото Топче“ – со коњ, со чекор, со поглед, со молитва или со срце – станува дел од нешто поголемо од самиот себе.

Станува дел од народ што не се откажува.

Дел од патот на честа, верата и слободата.

Дел од вечниот македонски завет.

Затоа, кога коњите ќе тргнат по планинските патишта, со секој удар на нивните копита нека одекнува:

За кого? – За Македонија!

Никогаш северна – само Македонија!

МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА

26 јули 2026 (недела)

8.30 часот, средба на Коњаниците пред гробиштата во с. Зубовце,

10.30 частот пристигнување во с.Тумчевиште

14.00 часот пред Црква во центарот на Гостивар

16.00 часот коњаниците тргнуваат кон Бигорски Манастир за Крушево, по патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на илинденските востаници.

27 јули 2026 (понеделник)

10.00 часот Бигорски Манастир: Литургија ,Благослов и Заклетва.

11.00 часот Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.

12,00 часот Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.

13.30 часот пристигнување во с.Галичник.

15.30 часот Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00 часот Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.

28 јули 2026 (вторник)

07.00 ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.

11.00 часот пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.

16.00 часот Пристигнување во Манастирот – Кнежино.

29 јули 2026 (среда)

08.00 часот Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.

09.00 часот Пристигнување во Крушино.

10.00 часот Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.

12.00 часот Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат за Староец.

16.00 часот коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30 јули 2026 (четврток)

11.00 часот Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.

15.00 часот пристигнување во с Цер.

31 јули 2026 (петок)

9.00 часот Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево

14,30 часот пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.

Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ  ќе учествува традиционално на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА 2026 година.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top