На прво место

Пациент од Скопје со тешка повреда на рбетниот мозок транспортиран од Кушадаси со владин авион

Пациент од Скопје, кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси, со владин авион е транспортиран во Македонија и хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ).

Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџановски, кој наведе дека пациентот бил повреден во несреќен случај на тобоган. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во болница во Кушадаси, каде што останал на лекување до организирањето на транспортот.

Организиран итен воздушен транспорт

По барање на турските лекари и поради сериозноста на повредата, бил организиран воздушен медицински транспорт со владин авион.

– Од колегите беше побарано пациентот да биде транспортиран по воздушен пат поради сериозноста на повредата и потребата од брз транспорт. Голема благодарност до Владата и до Службата за општи и заеднички работи, кои излегоа во пресрет за реализација на транспортот – истакна Мерџановски.

Во Турција бил испратен медицински тим предводен од раководителката на КАРИЛ, д-р Марта Тренева. Тимот го презел пациентот и го придружувал за време на транспортот до Скопје.

Пациентот е на интензивно лекување

Според директорот, пациентот бил успешно пренесен и сместен на одделот за интензивно лекување, каде што ќе продолжи неговиот третман.

– Пациентот е во здравствена состојба што бара интензивно лекување. Ја разгледавме медицинската документација и можам да кажам дека операцијата извршена во Турција е задоволителна и добро направена. Повредите на рбетниот мозок се меѓу најсериозните повреди – рече Мерџановски.

Тој најави дополнителни испитувања и понатамошна рехабилитација на пациентот, која ќе вклучува и физикална терапија во спиналниот центар во земјава.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top