Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДС во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата, се наведува во соопштението на Платформата за промени во СДС.
По резултатот од првиот круг на изборите за градоначалник на општина Брвеница, во кој кандидатот на СДС заврши на четвртото место, од Платформата побараа одговорност и оставка од претседателот Венко Филипче.
Од Платформата оценуваат дека раководството на СДС, на чело со Филипче, пропуштило можност за политички пресврт во предизборната кампања, особено во контекст на случаите поврзани со Ива Михаилова и Артан Груби.
Според Платформата, кандидатот на СДС во Брвеница, Јовица Радески, бил доведен пред свршен чин, откако неколку истакнати членови претходно одбиле да ја прифатат кандидатурата. Оттаму ја посочуваат одговорноста на партиското раководство и го повторуваат барањето Филипче да поднесе оставка.