На прво место

Разоткриена мрежа „македонски“ портали: Од Бугарија шират пропаганда и потпалуваат омраза во Македонија

Истражување на „360 степени“ открива дека пет Фејсбук-страници и повеќе портали на македонски јазик се управуваат од профили од Бугарија, а трагите водат до „Фондација Македонија“ на Виктор Стојанов

Повеќе интернет-портали и Фејсбук-страници на македонски јазик, создадени да наликуваат на домашни медиумски редакции, се дел од мрежа управувана од странство, чии траги водат до бугарската „Фондација Македонија“ на Виктор Стојанов, открива истражувањето на порталот „360 степени“.

Станува збор за страниците Vestimak.mk, Vestimk.mk, 24mk.mk, Mk24.mk и Utre.mk, кои заедно имаат околу 137 илјади следбеници на Фејсбук. Според јавно достапните податоци на социјалната мрежа, страниците се управуваат од три профили од Бугарија и еден профил од Македонија.

Најголемиот дел од содржините изгледаат како вообичаени дневни вести, но меѓу нив редовно се објавуваат провокативни содржини за односите меѓу Македонија и Бугарија и за меѓуетничките односи во земјата. Таквите објави предизвикуваат стотици коментари, национални навреди и говор на омраза.

Според податоците на МАРНет, порталите vestimak.mk и vestimk.mk се регистрирани на Александар Смиљков, додека 24mk.mk, mk24.mk и utre.mk се регистрирани на Асен Петровски. Трите портали користат иста електронска адреса, која во јавни објави ја користела и бугарската „Фондација Македонија“.

Истражувањето открива и дека порталот vestimak.com е регистриран во Бугарија, а фирмата „Vestimak Ltd.“ е основана на истата адреса на која е регистрирана „Фондација Македонија“. Еден од нејзините сосопственици, со удел од 25 проценти, е Виктор Стојанов.

На 4 март 2026 година надлежните институции соопштија дека се преземаат мерки за кривичноправен прогон поради содржини насочени кон предизвикување етничка и национална нетрпеливост. Јавното обвинителство отворило предмет за „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, а постапката сè уште е во тек и се обезбедуваат докази и вештачења.

Дополнително, самиот Стојанов во одговор до „360 степени“ се потпишал на електронската адреса што ја користат дел од анализираните портали, со што директно се потврдува неговата поврзаност со комуникацијата на мрежата.

Истражувањето отвора сериозно прашање: кој ја финансира оваа мрежа, со каква цел се пласираат содржини што ги разгоруваат македонско-бугарските и меѓуетничките тензии и зошто порталите немаат јавно објавен импресум, издавач и одговорни лица?

Додека институциите ја водат постапката, мрежата продолжува да објавува содржини и да допира до десетици илјади граѓани, претставувајќи се како домашен информативен извор.

Најново од: На прво место

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

To top