Обид да се урне туѓата мисла
29 септември 1990 година Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по повод барањата за забраната на оваа партија. Искажаните протести значат изразени тенденции за вметнување на едноумното минато во сегашнината на македонскиот народ, и по можност, во неговата иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање до јавноста.