Среда, 16 Ноември 2011    PDF Печати Е-пошта
Карактеристики на Мијаците

mijacko-znameКарактеристики на тоа надарено племе се:

Висок раст и силно тело,  широкоплеќести, светол поглед и руса коса, убави црти на лицето, бела и светла кожа (особено жените) црни напишани веѓи како пијавици, големи и црни очи како јаглен, тенка и грациозна насмевка секогаш има на усните. Мијакот има голем череп, високо чело, глава округла и често сплесната одзади. Типот на Мијакот е строго зачуван благодарение на условите што самата област како покраина е подалеку од  воените патишта како остров осамен не видела туѓи прилики. Писателот Антон Страшимиров за Мијаците вели:  дека тие се покултурни од Брсјаците имаат чувство на аристократизам наспроти Брсјаците, типот е нежен, убав со тенки црти со динамичност но не и со театралност. Тој е индивидуалист и сака да началствува.  Се сметаат за болјарски производ.

По карактер Мијакот е воздржан, молчалив, благ и секогаш готов за услуга, помош и сочувство. Но инаку, смел решителен и силен заштитник во споровите за фамилијата, верата, честа и националното чувство. Уште Мијакот е горд со аристократско (болјарско) самосознание. Тие не се ородуваат со друг род (мажење и женење). Во семејството на Мијакот царува патријархалниот живот. Децата ја гледаат мајката, го слушаат таткото и се покоруваат на најстариот во куќата.

Карактерните црти на Мијаците се:

1. Милаците се морални.  Сите водат строго морален живот и во целиот тој крај не се знае за блуд и пијанство, или за каков било разврат. Тука не се знае што е тоа вонбрачен живот и вонбрачни рожби. Брачната верност е идеална и не се знае што е тоа развод на бракот. Односите меѓу мажот и жената  почиваат на меѓусебни почитувања и уважувања. И двете страни на бракот гледаат како на свето дело. Браковите обично се склучуваат од 18-20 години за момчето, а меѓу 17-18 години за момичето. Исклучоците се многу ретки, а сопрузите се сметаат за застарени. Во целиот тој крај ниту момата се купува, ниту пари се дават. Мијакот никогаш не е суден за измама, кражба или некое друго дело. Кредитот со кој се ползува Мијакот таму каде што работи е сосема заслужен. Со својата чесност со право имаат извојувано целосна доверба во трговијата. Ете зошто Мијакот е кроток, трпелив тактичен во своите односи, точен во своите задолженија. За време на окупацијата Галичник беше седиште на мировниот судија. За тригодишниот период немало ниту една поплака, вели Апостол Христов тогашен околиски началник.

2. Приврзаноста кон родното место. Мијаците се строго приврзани кон родното огниште и кон родното место. Секој Мијак каде и да скита по туѓина за своја света должност смета да се прибере во домот уште кон крајот на пролетта за да ги мине заедно со семејството свадбените свечености, кои се прават од Петровден до Мала Богородица, манастирските празници и сл. Исто така и за да ја снабди куќата со се неопходно за храна и облека преку идната зима. Не еднаш сум се прашувал: што го тера Мијакот да е трака приврзан кон родниот крај, во кој нема ниту педа обработлива земја (нема ниту лозје, нова, ливада, градина и др.) нема апсолутно никаква живеачка, освен гурбетлук, должен е да натокми се однадвор, од други пазари кога почнува со сите видови храна и завршува со облеката. И уште кога се има предвид, дека неовиот роден крај е во соседство со албанските разбојници, кои колат, тепаат, грабаат се што ќе им дојде до рака, започнувајки со пленство на луѓе и завршувајќи со пленување на цели стада овци и коњи. Мијаците исто плаќаа данок на разни сејмени, покровители и други чувари, тие одделуваа од својот залак, со пот спечалените пари од гурбетчилакот, но тешко се решаваа да го напуштат својот роден крај. Додека по Илинденското востание и по последните војни многу Македонци масовно ги напупштија родните огништа и отидоа дури во Америка, за да го бараат својот опастанок – Мијаците трпеливо ги поднесуваа сите политички и економски незгоди но не се одделија од своите родни огништа.

3. Мијаците се религиозни. Секоја мијачка куќа има место за иконата пред која го пали кандилото во празнични и во неделни денови наутро и навечер. А поимотните имаат одделна соба, нешто како параклис, грижливо украсена и зачувана во еден дел од куќата, настрана од спалните соби. А во домот на познатиот софиски индустријалец Аврам Чалоски личи на минијатурна црква со сите црковни и пеачки украси каде што патрониот празник му е на Св. Спиридон секоја година го кани целиот духовен свет при светиот Синод на  водосвет и молитва по кое им се става богата трпеза. Таков параклис има и во неговата фабрика во Бургас. При започнување и свршување на секоја работа се прекрстуваат, кога минуваат покрај црква пак се крстат, кога ќе го слушнат црковното ѕвоно пак се крстат, кога го повиваат или развиваат малото бебе пак над него прават крстен знак. Во празници и неделни денови црквите се полни со луѓе – мажи и жени. Спроти патрони празници и имендени во црквите носат просфори или петолебие. Строго ги држат сите пости. Галичаните во својот силно изразен порив не можејќи да ги трпат исламизираните семејства меѓу себе, се заложија за нивно покрстување кое и стана во 1843 година кога покрстија цели 30 исламизирани семејства.

4. Мијаците се ученољубиви и црковни певци. Тие во постаро време ги посетувале келијните училишта во манастирите, а подоцна и народните училишта. Тие се природно надарени певци, со пријатен и мелодичен глас. Скоро сите мажи го знаат црковниот ред, а многумина  е и црковни певци. некои од нив пеат напамет. Тие му го дале на племето најпознатиот и најнадарен светски познат пеач Јован Кукузел уште во 12 век. За своето  пријатно и мелодично црковно пеење избран е за духовник арх. Анатолиј од Лазорополе во императорскиот двор на Русија. Иван Гиновски ученик во Солунската гимназија во 1887 година кога пееше на ученичките утра и забави, гркинките од соседната куќа ги отвораа прозорците за да се насладуваат на неговата мелодија.

Од книгата „Книга за  Мијаците“ од Георги Трајчев, Софија 1941 г.
(Подготви Марко Китевски)
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.