На прво место

Никогаш не сум избегал од соочување со правдата

nikola gru

nikola 3Никола Груевски

Изјава по повод денешното обраќање на Русковска

Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции.

Затоа кога веќе завршија и се исцрпеа сите можни начини за докажување на вистината, соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивав, одлучив да заминам од земјата и времено да се засолнам од налетот на политичкиот прогон врз мене.

Неправедно и незаслужено, без вина и со политички конструиран случај да треба да влезеш во затвор во кој ти се спрема ликвидација, не е воопшто соочување до правдата. Како што не е бегање од правдата ако одбиеш да го прифатиш тоа.

Нарачателот на политичкиот прогон неодамна јавно призна аудио снимка со негов разговор во кој тој лично говори и подобро и од мене објаснува дека бил свесен дека аудио матерјалите се незаконски прибавени и како резултат на тоа бил свесен дека ќе паднат на повисок суд. Пресудата против мене се темелеше исклучиво на тие аудио матерјали иако и од нив не произлегуваа никакви докази за моја вина, ниту пак сум осуден дека е направена некоја штета на буџетот или лична матерјална корист за мене. Но истовремено тој ни раскажа како сите работи околу судењата лично и користејќи ја својата моќ ги договоарал со судиите и обвинителите.

Аудио матерјалите истовремено се и само копии кои не се споредени со оригиналот и неслучајно судот бега од вештачење на нивната целовитост, автентичност и веродостојност преку нивна споредба со оригиналот. Но, додека да паднат незаконските т.н. докази, очигледно планот беше, бидејќи немаа за што друго да ме стават во затвор, да го направат тоа незаконски и со политичка нарачка за нешто за кое немам вина и на тој начин да ме елиминираат. На крајот, видовме дека дури и оној кој ги имал аудио матерјалите, пред неколку месеци во судот даде изјава дека тие аудио матејали биле “страотно манипулирани и сериозно компромитирани” откако тој бил лишен од слобода.

Никогаш не сум дал инструкција или не сум побарал од било кого да се отворат вратите на парламентот или да се влезе во него и примени физичка сила. Ниту усно, ниту писмено, ниту телефонски ниту преку телефонска порака. Како што веќе се произнесе и судот во Шведска во еден од случаите за кој расправаше тој суд, влезот во парламентот го оквалификува како народен бунт со нагласување дека не станува збор за тероризам.
Сите видовме како власта свесно и со умисла го прекрши уставот и со тоа свесно го предизвика народот кој веќе беше насобран пред парламентот во време во кое секој ден околу еден час беше таму во претходните два месеци пред настанот.

Истиот суд во Шведска потврди дека во Македонија не постојат услови за фер судење и дека овој случај е политички прогон. Шведска е земја членка на ЕУ. Истиот тој суд му препорача на еден од учесниците во настаните на 27 април да побара азил во Шведска заради политички прогон.

Досега три земји членки на ЕУ издадоа азил во политички монтирани судски случаи во Македонија. Тоа многу говори за правдата и начинот на недемократско и со терор владеење во Македонија.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top