На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски.

Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески.

Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја истражуваме и објавуваме вистината за Македонија, да го чуваме историското паметење и да информираме за актуелните општествени случувања во татковината и во македонската дијаспора.

„Македонска нација“ е широка национална трибуна, отворена за секој Македонец и секоја Македонка што сакаат да придонесат за доброто и иднината на својата нација. На македонската национална кауза може да ѝ служи секој чесен човек, без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност.

Нашиот завет

Годините се менуваат, но некои болки остануваат. И во современа, демократска Европа, Македонците се соочуваат со оспорувања на својот идентитет, со обиди за прекројување на историјата и со занемарување на фактите.

Ние знаеме кои сме. Македонци сме и имаме право слободно и достоинствено да зборуваме за себе, за своето минато и за својата иднина.

Затоа постои „Македонска нација“ – да отвора простор за македонскиот збор, да истражува неправди и премолчувани настани и да објавува сведоштва и документи што заслужуваат да стигнат до јавноста.

Нашиот портал е место каде што треба да се чуе гласот на Македонците во Република Македонија, во дијаспората, во Егејска и Пиринска Македонија, како и во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и насекаде каде што се чуваат македонското име, јазик и традиција.

Веруваме дека мислата мора да биде слободна, вистината достапна, а татковината сочувана за идните поколенија. Нашата обврска е да придонесуваме со збор, знаење и дело – за да опстоиме како народ и достоинствено да им ја предадеме Македонија на нашите деца и внуци.

Македонија вечна! Амин!

============================

Уредувачка политика

„Македонска нација“ се залага за зачувување и афирмација на македонската историја, култура, јазик и национален идентитет, за негување на врските со Македонците ширум светот и за отворање простор за информирање, истражување, аргументирана дебата и слободно изразување.

Авторските текстови, колумни и коментари ги изразуваат ставовите на нивните автори и не мора да се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.

Повик за соработка

Упатуваме отворен повик до сите што сакаат да соработуваат со „Македонска нација“: испраќајте авторски текстови, досиеја, историски документи, сведоштва, размислувања и информации поврзани со Македонија и со животот на Македонците ширум светот.

Вашиот глас е важен. Заедно да создаваме силна и достоинствена национална трибуна.

Вашите прилози можете да ги испраќате на: makedonskanacija@gmail.com

Уредништво

Главен уредник:
Манојил – Мане Јаковлески

Технички уредник:
Дејан Донев

Дописници и соработници

  1. Ламбе Арнаудов
  2. Љилјана Мизрахи
  3. Александар Донски
  4. Гордана Димовска
  5. Александар Џеповски
  6. Славе Николовски-Катин
  7. Тихомир Каранфилов
  8. Едмонд Темелко
  9. Виктор Бивели
  10. Ристо Стефов
  11. Душан Ристевски
  12. Ацо Крстески
  13. Иван Трповски
  14. Марија Воденска
  15. Марија Кукубајска
  16. Рубинчо Видое Јованоски
  17. Саво Костадиновски
  18. Томе Велјановски
  19. Бурак Кечаи
  20. Трајче Т. Трајковски
  21. Весна Атанасовска
  22. Зоран Петров
  23. Фиданка Танаскова

Издавач и контакт

Издавач: СТАТЕР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје

Електронска пошта: makedonskanacija@gmail.com

Веб-страница: mn.mk

Авторски права

Содржините објавени на порталот „Македонска нација“ се заштитени со авторски права, освен кога е поинаку наведено.

Преземањето и повторното објавување содржини е дозволено во согласност со важечките прописи, со соодветно наведување на авторот и изворот: „Македонска нација“ – mn.mk.

Најново од: На прво место

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС. Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред […]

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

To top