На прво место

СДС, Левица и ДУИ го блокираа Изборниот законик и напредокот на Македонија

Партиските калкулации повторно ги ставија пред интересите на граѓаните, реформите и можностите што ги нуди Планот за раст

Недонесувањето на Изборниот законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ, наместо да придонесуваат за напредокот на државата, избираат блокади, опструкции и политички игри на штета на граѓаните.

Усвојувањето на законот беше потребно за усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и конкретни придобивки за граѓаните.

Македонија успешно реализираше девет од предвидените десет реформи од Реформската агенда. Единствената преостаната пречка е токму блокадата на Изборниот законик, предводена од СДС, Левица и ДУИ.

Нивното однесување покажува дека кога имаат можност да придонесат за државните интереси, тие избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија, спроведувањето на реформите и придобивките што треба да ги добијат граѓаните.

Граѓаните треба да знаат кој ги кочи реформите, кој го попречува развојот и кој работи спротивно на државните интереси. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик не е само политички неуспех. Таа создава и ризик Македонија да изгуби дополнителни средства, поддршка и развојни можности предвидени со Планот за раст.

Додека СДС, Левица и ДУИ јавно зборуваат за европски вредности и реформи, нивните постапки покажуваат нешто сосема друго. Кога требаше конкретно да придонесат, тие ги ставија партиските интереси пред интересите на Македонија и нејзините граѓани.

Најново од: На прво место

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

Македонски историски календар: 3 септември

На 3 септември 1900 година во Струга е роден Ристо Крле – македонски драмски писател и еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Потекнувал од сиромашно семејство на чевларски мајстор, а неговото образование било често прекинувано поради тешките животни околности. Бил член на аматерската театарска група „Црн Дрим“, каде што се […]

To top