Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот.
Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со асномците од 1944 година и со сите поколенија што го чуваат македонското име, јазик, култура и национален идентитет.
Нека храброста и саможртвата на нашите предци ни бидат вечен патоказ. Да останеме обединети, достоинствени и верни на нивниот аманет – да ја чуваме Македонија и да изградиме посилна и посреќна татковина за идните поколенија.
Каде и да живееме, Македонија е во нашите срца!
Честит Илинден на сите Македонци во Македонија и низ целиот свет!
Да ни е вечна Македонија!
Македонска нација: mn.mk