На прво место

За СДС е добро сè што ѝ штети на Македонија – дури и попречувањето на борбата против корупцијата

Кога институциите откриваат и спречуваат корупција, СДС не ја поздравува нивната работа, туку измислува политички конструкции и се обидува успешно разрешениот случај да го претстави како слабост на системот.

СДС, наместо да одговори за бројните корупциски скандали и судски случаи што го одбележаа периодот на неговото владеење, денес со политички напади се обидува да ја релативизира секоја акција на надлежните органи.

Во времето на СДС сомнежите и скандалите поврзани со корупцијата допираа од најниските до највисоките нивоа на власта. Во јавноста сè уште одекнуваат случаите поврзани со поранешните функционери Драги Рашковски и Мухамед Зекири, како и аферите за кои останаа сериозни политички и морални прашања поврзани со Венко Филипче и Зоран Заев.

Во политичкиот светоглед на СДС, очигледно, е неприфатливо законот да важи подеднакво за сите. Затоа во партијата не можат или не сакаат да разберат што значи неселективна борба против корупцијата – борба во која нема заштитени лица, премолчување на незаконските постапки или политичко пазарење.

Фактите се јасни: според досега објавените информации, митото со кое бил фатен осомничениот нема никаква врска со Игор Јанушев, ниту постојат сознанија дека тој на каков било начин бил вмешан во случајот.

Обидите неговото име насила да се поврзе со постапката претставуваат политичка конструкција чија цел е да се замагли суштината – дека сомнежот за корупција бил навреме пријавен, документиран и процесуиран. Апсењето лице осомничено дека побарало мито не е доказ дека институцијата ја штити корупцијата. Напротив, тоа покажува дека системот реагира и дека никој не треба да биде поштеден поради своето работно место, функција или политичка припадност.

Случајот немаше да добие институционален епилог доколку не постоеше јасна и недвосмислена волја корупцијата да биде откриена и спречена. Лицето од кое било побарано мито морало да го пријави случајот и да прифати да соработува со надлежните органи, вклучително и преку предавање обележани пари.

Носителите на функции не се повлекле, не калкулирале и не се обиделе да го прикријат случајот. Напротив, ја охрабриле соработката со институциите за сомнежите целосно да бидат истражени, а евентуалната одговорност да се утврди во законска постапка.

Тука се гледа суштинската разлика. Денес борбата против корупцијата не смее да познава партиска книшка, функција или припадност. Секој за кого постои основано сомнение мора да одговара пред законот, додека вината ја утврдува исклучиво судот.

Наместо да измислува врски таму каде што ги нема, СДС треба да одговори на едноставно прашање: дали поддржува институционално откривање и казнување на корупцијата или ќе го напаѓа секој успешно разрешен случај само затоа што политички не му одговара?

Очигледно е дека СДС се обидува политички да ја злоупотреби дури и акцијата за сузбивање на корупцијата, ширејќи обвинувања, конструкции и невистини. Наместо да ја поздрави реакцијата на институциите, партијата сака да ја компромитира борбата против корупцијата, бидејќи не може да прифати дека законот конечно треба да важи подеднакво за сите.

За случајот се огласи и Игор Јанушев, кој целосно се огради од постапувањето на приведеното лице и нагласи дека одговорноста за евентуалното незаконско дејство е исклучиво лична.

Тој ја поздрави акцијата на надлежните институции и храброста на граѓанинот што го пријавил барањето за мито, истакнувајќи дека само со пријавување, институционално постапување и неселективна одговорност може да се изгради општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира.

Според Јанушев, обидот на СДС од овој случај да создаде политичка конструкција е целосно промашен, бидејќи акцијата покажува дека системот функционира и дека времето на заштита од одговорност завршило.

„Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генералниот секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции“, пишува Јанушев, кој ја поздравува акцијата на институциите, но и храброста на граѓанинот кој го пријавил возачот.

Очигледно, за СДС е добро сè што е штетно или спротивно на интересите на Македонија.

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top