Песни за Македонија

УЧИТЕЛОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ

1brk1234567
1brk1234567
УЧИТЕЛОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
Учителе, Свети Клименте,
Денес го славиме
Твоето божествено дело,
Осми декември,
Патрон на Македонската
Православна Црква,
Охридска Архиепископија.
Учителе, Свети Клименте
Голем научнику
и книжевнику,
Ти си продолжувач
На Кириловото,
На Методиевото,
Православно творештво.
Учителе, Свети Клименте,
Ти си прв
Архиепископ Македонски,
Плаошник е твоето
Светилиште,
Охрид е твој
свет град.
Учителе, Свети Клименте,
886 година
Во Кутмичевица,
Ти го создаде
„Првиот Словенски Универзитет“
Ја формира
Охридската книжевна школа.
Учителе, Свети Клименте
Епископу Велички,
3500 ученици
Подготвени тргнаа
по белиот свет
да ја шират
словенската писменост.
Учителе, Свети Клименте
Средновековен писателе
На Панонските легенди,
На мудростите и поуките
За големите христијански
Празници, похвални слова
За христијанските Светители.
Учителе, Свети Клименте
Охридски Чудотворецу
Преведувач на Цветниот Триод,
Блажен си ти пред Господа
Оти ни го остави
Словото да го словиме
Јазикот македонски
Да го говориме
Кирилицата да ја пишуваме
И така во иднината
Да битисуваме
Оти ти аманет и благослов
На целиот народ остави
И рече:
„Зошто овој народ
има повеќе иднина
отколку минато.“
Каролина Ристеска
Торонто, Канада

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top