Песни за Македонија

Македонија низ времето

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Македонија низ времето

 

Низ векови на бури, низ гордост и низ рана,

се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана.

Од античкото ехо, каде штитови бијат,

под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат,

Александар јаваше низ векови далечни,

оставајќи траги во спомените вечни.

 

Од Хераклеја горда до Егејот син,

се раѓаше кодот на македонскиот чин.

Потоа средниот век со Самуил цар,

над Охрид изгреа нов слободарски жар,

на тврдината стара уште круната стои,

додека историјата нови страници брои.

 

Климент и Наум со писмо и слово,

го просветија родот за утрото ново.

Но тешка судба над земјата падна,

низ пет века ропство и тиранија гладна.

Но пркосот машки во гората се скри,

во срцето на комита за слобода зоври.

Илинден светна со црвениот бајрак,

Крушево покажа како се руши мрак.

 

„Да живее Македонија!“ – одекна глас,

во борба за татковината, во борба за спас.

И партизански марш низ крв и низ снег,

за слободна република, за нов роден век.

На АСНОМ се удрија темелите здрави,

за јазикот мајчин што денес се слави.

Вардар уште тече под Камениот мост,

примајќи го секој добронамерен гостин.

 

Но Македонија не е само ова парче земја и карпа,

таа е песна, таа е тажна и преубава харфа.

Ја има во Мелбурн, во Детроит и Чикаго,

таму каде што туѓината го горчи секое благо.

Ја има во Торонто, низ Сиднеј и Малме градот,

низ цела Европа ја чуваат со љубов и радост.

Иако судбината по светот ги распрсна сите,

во туѓина со солзи им поминуваат дните.

 

Секој Македонец, каде и да чекори под ова небо,

во душата ја носи родната нива и лебот.

Ја чуваат песната за Јовано, за Биљана,

ја лечат во градите старата, непреболена рана.

 

Од сите меридијани, од сите страни на светот,

се слуша истиот завет, вечен како летот:

„Нека е вечна, нека е горда и жива,

нашата мајка, земјата најубава, мила!“

Со црвен бајрак во срцето и со гордост во очите,

за Македонија треперат чукаат срцата силно.

 

 

Најново од: Песни за Македонија

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

To top