Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба.
Во онаа тивка есенска магла,
кога Солун во полумрак заспиваше,
шестмина мажи —
д-р Христо Татарчев, Даме Груев,
Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов,
Антон Димитров и Христо Батанџиев —
со чисти идеали
над книжарницата судбина ковеа.
Здружени братски, со нескриен жар,
се заколнаа татковината да ја бранат,
а стремежот го испишаа
со златни букви — ВМРО.
Букви испишани не со мастило,
туку со крвта на војводите
и со златниот сјај на слободата.
Тие се кодот што го препознава
секое македонско срце,
песна исплакана од мајките
и испеана од комитите.
ВМРО е сонот што го преживеа јавето,
револуционерна искра
што гореше низ времето,
за денес да свети
како слободно македонско сонце.
Октомври роди судбоносен час —
дваесет и трети, ден на смелост света.
Непокорни пред ропството и туѓинската власт,
тие распалија оган
во зборовите, во срцата.
„Автономија!“ — одекна во тој мрак,
заветот таен брзо се разнесе.
Организацијата го крена својот бајрак,
а Илинден го понесе
низ борба и жртва за слобода.
Помина повеќе од век,
но споменот е жив.
Борбата нивна во песните одекнува,
а Октомври го чува заветот
на оние што против ропството се кренаа.
Да живее Македонија!
Да ни е вечна Македонија —
нашиот силен оган во срцата!