Коментари

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство.

Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил

Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција

Не беше направена ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат вратени во Бугарија, за да се потврди или отфрли дали му припаѓаат на цар Самуил. Она што го знаеме е дека на островот Свети Ахил се погребани цар Самуил и неговото семејство. Ова го изјави историчарот проф. Милко Палангурски во емисијата „Здраво, Бугарија“.

Според него, постапката за враќање на посмртните останки на владетелот не е добро подготвена. Враќањето на коските е прашање на висока дипломатија, додаде историчарот.

„Се отвори ‘Пандорината кутија’. Тука проблемот не е во тоа што го враќаме, туку во тоа што нема список и никој не знае колку предмети има и за какви предмети станува збор. Бугарската држава не направи каталог и истражување на артефактите што навистина им припаѓаат на грчките манастири“, посочи Палангурски.

Тој додаде дека артефактите што Бугарија ќе ѝ ги врати на Грција „биле криени речиси 112 години“ и нагласи дека во Бугарија нема информации за нив.

Историски момент: Како се дојде до враќањето на посмртните останки на цар Самоил

Палангурски додаде дека преговорите за размена на археолошки наоди меѓу Бугарија и Грција продолжуваат и најверојатно опфаќаат и ракописи. Тој смета и дека посмртните останки на Самуил нема да бидат трајно положени во Бугарија.

Професорот додаде и дека на капакот на саркофагот, во кој ќе бидат положени посмртните останки, не е испишана целосната титула на цар Самоуил.

Тој рече дека се брза со организирањето на споменатото враќање и размена и смета дека тоа има политички призвук.

Илијан Валчанов: Коските што му се припишуваат на цар Самоил бараат научни докази, а не политичко шоу

Во објава на Фејсбук, Илијан Валчанов остро ја критикува политичката употреба на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самоил и поставува прашања за нивната идентификација.

Според него, тие требало јавно да ги постават прашањата за доказите врз кои се темели идентификацијата на посмртните останки.

Ретко сум се чувствувал толку понижено. Никогаш не би претпоставил дека владата на Радев ќе ги преземе лажните коски на „цар“ Самуил од грчките измамници.

А исто така, дека ниту еден од и онака исклучително некомпетентните бугарски историчари или археолози нема да има доблест јавно и гласно да изјави дека целото бугарско-грчко политичко шоу со коските на Самуил нема допирни точки со историјата на Бугарите.

Ова е фотографија на гробот на Самуил од 1969 година, направена од проф. Николаос Муцопулос во моментот на откривањето. Неугледен саркофаг.

Недостига натпис со името на погребаното лице. Недостигаат царски обележја кај покојникот. Недостига спомен-натпис на зачуваните делови од храмот. Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски погреб.

Нема таков преседан во Европа. За речиси 60 години, ниту грчките измамници, ниту нивните бугарски соучесници не се удостоија да направат неколку елементарни експертизи: датирање со јаглерод-14 на коските и на зачуваниот фрагмент од ткаенината, како и ДНК-анализа за роднинска поврзаност со посмртните останки на другите двајца покојници, за кои неосновано се тврди дека се неговиот син Гаврил Радомир и неговиот внук Јован Владислав.

Па зошто внуците на Бај Гањо да трошат непотребни пари за експертизи, кога и онака е јасно дека ова е само политичко предизборно шоу за неукиот и наивен електорат.

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top