Среда, 19 Јуни 2013    PDF Печати Е-пошта
Вранештица

vranestica

Општина Вранештица била општина во Западна Македонија. Центар на општината било село Вранештица. Општината била формирана со територијалната поделба од 2004 година, а според предлог-измените за територијална поделба во 2013 општината се припоила кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013.

Општина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот регион. Општината се наоѓала во Кичевското поле и имала вкупна површина од 109.13 километри квадратни. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.

Вранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.

Населените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.

Според пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот:

етникум

број

процент

Македонци*

1.033

78.14%

Турци*

276

20.88%

Албанци

10

0.76%

Срби

2

0.15%

други

1

0.07%

* Во општината има Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.

Мајчин јазик на населението според пописот од 2002:

јазик

број

македонски

1.068

албански

10

турски

239

српски

2

бошњачки

2

други

1

Религија на населението според пописот од 2002 година:

религија

број

православие

1.033

ислам

287

други

2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.