Македонски легенди

Апостол Петков – македонски Робин Худ

Apostolvojvoda

ApostolvojvodaАпостол Петков (6. V. 1869 – 2. VIII. 1911) е македонски револуционер и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Познат како Апостол или Постол војвода, тој ја започнува својата борба како ајдук против Отоманската империја кон крајот на XIX век, а во 1897 година станува член на Македонската Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание во 1903 година, а потоа се бори против грчките андарти. Неговото име станува легенда меѓу македонскиот народ, кој го нарекува Ениџевардарско сонце. Англискиот писател Алберт Сониксен него ќе го опише како македонски Робин Худ.

Апостол Петков Терзиев е роден на 6 мај 1869 година во гевгелиското село Бојмица, Егејскиот дел на Македонија. Потекнува од старо ајдутско семејство Терзиеви. Воспитан во тој дух, тој на 22 години ја напушта својата работа на железничката линија Солун – Скопје и заедно со својот помал брат Тано и братучед Антон Терзиев му се придружува на својот постар брат Митре кој веќе неколку години ајдукувал на планината Пајак. Апостол претходно го продава стадото на татко му и со парите купува оружје со кое потоа ќе делува во областа на Бојмија.

По појавата на ајдуците на Иванчо Оџаров Карасулијата, Апостол Петков ги здружува силите и заедно делуваат во областа на Бојмија се` до 1897 година. Ајдучки дружини на Апостол и Карасулијата, кои се појавиле како одговор на злоделата на турските власти, истовремено дејствуваат и како заштитници на мирното население.

Иако не се образувал и бил неук, по природа Апостол бил интелигента особа. Кога во 1897 година областа ја посетува Дамјан Груев, тој прв ги прифаќа начелата на Организацијата, а неговата дружина станува прва чета на ТМОРО во Солунскиот вилает. Во неа по покрстувањето од страна на попот Стамат Тончев  влегле: брат му Тано, братучет му Андон, Михаил Апостолов – Попето, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков. Повремено во четата влегува и учителот Аргир Манасиев.

Појавата на револуционерната чета била прифатена со воодушевување од македонското население. Сите во неа гледаа како на херои, спасители од турската тиранија. Првото борбено крштевање на четата на Апостол ја имал во селото Грубевци. Во судирот со турскиот аскер кој одел од Солун кон Гуменџе, Турците биле разбиени и протерани без загуби во четата, а Апостол се прославува како заштитник на народот.

Но, по предавството на гркоманите од село Крива, во борба со турскиот аскер на 24 февруари 1903 година во селото Бојмица, Апостол го загуби својот помал брат Тано Петков. Смртта на помалиот брат ќе остави длабоки траги кај Апостол. Пред почетокот на востанието, четата на Апостол имала судир кај селото Постол, од каде заедно со Крсто Асенов заминале кон селото Корнишор каде во тамошната црква ги осветиле Кукушкото и Ениџевардарското знаме. По убиството на Асенов, подготовките на востанието ги превзема Апостол Петков.

Во текот на Илинденското востание, Апостол Петков водел неколку борби, од кои најголема била борбата на 12 септември 1903 на планината Пајак. Здружените чети од 100 души на чело со Апостол Петков и Иван Карасулијата го зазеле стратешкиот врв Гандач. Во судир со 1.200 турски војници од гарнизоните во Гевгелија и Гуменџе, македонските востаници без поголеми загуби успеале да го пробијат обрачот. Во ваа битка турската војска имала тешки загуби. Два дена потоа, востаниците на Апостол Петков имаа повторно судир кај Голема Чука, а дури во ноември била извршена демобилизација на борците, по што тој заминува во Бугарија.

Во февруари 1904 година Апостол повторно се враќа во Македонија и одново ја започнува револуционерната борба, но сега со грчката пропаганда во Ениџевардарско. Тој не ја заборава смртта на братот. Во летото 1906 година, Војводата Апостол или Постол, се бори со четата на андартскиот капетан Костас Акритас и го опожарува грчкото село Ниси. Истата година четите на Апостол водат борби со андартите под командата на капетан Акритас, Аграс (поручик Телос Агапинос), Никифорос (идниот адмирал Јоанис Деместихас) и други. Во едно од овие борби капетан Аграс е фатен и обесен крај селото Владово (Аграс).

Апостол Петков беше страв и трепет за грчките андарти, кој го чуствуваа насекаде, но не можеа да го видат никаде. Никој не можеше да го фати дури и да го сретне. Скриен во мучуриштето на Ениџевардарското езеро, тој беше вистински “демон“ кој ги прогонуваше Грците и Турците. Писателката Пинелопи Делта во својот роман „Тајните на мочуриштето“ ја признава грчката немоќ да се справи со македонскиот револуционер.

Турската власт заедно со Грците безуспешно се обидуваат да го ликвидираат војводата Апостол, познат како „Ениџевардарското сонце“. Турските власти со мито се обидуваат да го натераат војводата Постол да се откаже од револуционерните активности, а грчкиот конзул во Солун Ламброс Коромилас се обидува да го привлече на грчка страна. Грците и Турците исплашени од делувањето на Апостол ги преувеличуваат неговите активности. Неговата слава растела од ден на ден, а приказната за страшниот рушител на Отоманската империја дошла и до ушите на самиот султан Абдул Хамид II кој понудил 20.000 фунти да се откаже од борбата.

Привлечен од приказните, во 1906 година, американскиот новинар Алберт Сониксен и воденскиот војвода Лука Иванов ќе го посетат војводата Апостол во неговото живеалиште и скривалиште во Ениџевардарското езеро. Од оваа посета ќе произлезе убава приказна на американскиот новинар. Во книгата „Исповедта на еден македонски четник“, опишувајќи го војводата Апостол Петков, американскиот новинар Сониксон ќе напише:

„Првиот кој скокна на брегот, беше слаб, мургав човек на средна возраст, со бели, албански тесни, опнати потури, со широки ракави кошула, вооружен не само со манлихера и нагант, но и со кама со сребрена рачка, нависната на неговиот колан со патрони. И да не го познавав, ќе погодев кој е, зошто неговите портрети висеа по сите крчми.., токму во тие алишта… Апостол беше македонски Робин Худ. Тринаесет години тој носеше оружје. Уште пред Дамјан Груев да го организира прочуениот Централен Комитет, Апостол беше крстосувал низ планините.  Тој беше од оние фантастични херои, кои се јавуваат меѓу потиснатите народи во сите периоди низ историјата и чии подвизи се пеат од народите… Кога се создала револуционерната организација со програма за заедничка активност, Апостол војвода, за разлика од многу свои соборци од разни страни на земјата, ги понудил своите услуги и покрај сите ограничувања кои требало да ги поднесе поради дисциплината во организацијата, да се откажува од пленот и да слуша наредби од анемични градски наставници“.

Во 1907 година притисокот на грчките андарти и турската војска во Ениџевардарско станува неподнослива и Апостол е принуден да ја напушти областа.

Успешно делува уште неколку години, но на 2 август 1911 година, Апостол Петков Терзиев заедно со војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки, загинале  во ениџевардарското село Крушари (денес Абелиес, Грција).

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top