На прво место

Во Куманово беше одбележана годишнината од настаните во Диво Насеље

Почит за осумтемина македонски херои

Во организација на групата Бранители и Синдикатот на полицијата на Македонија при СВР Куманово, на 9 Мај беше одбележана годишнината од трагичните настани во Диво Насеље од 9 и 10 Мај 2015 година, во чест и сеќавање на осумтемина македонски херои кои ги загубија животите бранејќи ја државата и безбедноста на граѓаните.

Одбележувањето започна со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, каде семејствата, колегите, пријателите и граѓаните им оддадоа почит на загинатите припадници на безбедносните сили. Во молитвена атмосфера беа запалени свеќи и беа упатени пораки за вечен спомен и благодарност кон хероите.

Потоа беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, каде присутните со минута молк им оддадоа почит на загинатите бранители. Присутните истакнаа дека жртвата на македонските полицајци никогаш не смее да биде заборавена и дека нивната храброст останува симбол на пожртвуваност и патриотизам.

Во рамки на одбележувањето беше организиран и Меморијален турнир во мал фудбал во Средното економско училиште „Перо Наков“, на кој учествуваа повеќе екипи составени од припадници на безбедносните структури, ветерани, пријатели и поддржувачи на бранителите. Турнирот беше посветен на споменот на загинатите херои и испрати порака за единство, почит и незаборав.

Настаните во Диво Насеље од 9 и 10 Мај 2015 година остануваат едни од најтешките безбедносни предизвици во поновата македонска историја, во кои животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, додека десетици беа повредени.

„Хероите умираат кога ќе ги заборават!“

Слава им!

 

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top