На прво место

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг

Никола Груевски

Доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 проценти од граѓаните, за СДСМ 9,3, за ДУИ 6,1 и за ДПА 3,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел Институтот за демократија на барање на Институтот „Павел Шатев“.
Никола Груевски
Анкетата, спроведена од 15-ти до 20-ти овој месец врз 1.106 испитаници, покажува дека за Нова демократија на евентуалните парламентарни избори би гласале 1,5 проценти од граѓаните, за ЛДП 0,3 проценти и за Обединети за Македонија 0,1 процент.
Околу 30 отсто не знаат за кого би гласале или пак не дале одговор на прашањето, а 24,1 процент се изјасниле дека не би гласале за ниту една политичка партија.

На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 26 проценти од испитаниците се изјасниле за Никола Груевски, Бранко Црвенковски ја има довербата од 8,4, Али Ахмети од 6,1, а Мендух Тачи од 3,6 отсто од испитаниците. Претседателот Иванов има доверба од 0,7 проценти, а под 1 отсто рејтинг се Љубе Бошковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски… Дека немаат доверба во ниту еден политичар одговориле 32 процента од испитаниците.

Најново од: На прво место

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

Во Полице откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома

Споменикот е дело на Петро Алексовски и е подигнат со поддршка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Во полскиот град Полице денеска, 19 ноември 2026 година, беше откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија во родните краишта, туку го поминаа животот во Полска и […]

Јовановски: Евроинтеграцијата го смени односот на западните научници кон македонската историографија

Дел од западните научници што порано ја критикувале македонската историографија денес покажуваат поголемо разбирање за нејзините ставови, откако увиделе дека нивните критики се користат за политички цели. Ова го истакна историчарот Далибор Јовановски на конференцијата по повод 80 години од постоењето на Институтот за историја. Настаните поврзани со евроинтеграцијата на Македонија влијаеле врз начинот на […]

Зафировски за случајот со Ива Михаилова: ДАНС си даде автогол

Во интервју за ТВ Алфа, поранешниот прв антикорупционер Зафировски оцени дека изјавата на Ива Михаилова отворила прашања за улогата на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) во случајот. Според Зафировски, бугарските служби се обиделе преку случајот со Михаилова да изградат приказна во која Република Македонија би била обвинета за нечовечки третман на лица за […]

Тошковски во Дубаи ја прими наградата за проектот „Безбеден град“

МВР доби меѓународно признание за унапредување на сообраќајната безбедност. Проектот предвидува автоматско откривање на прекршоците и дигитална обработка на постапките. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ („Извонредност во сообраќајната безбедност“), која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Признанието беше врачено на свечената церемонија за доделување […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Лефков: Обвинувањата на Филипче за криминал и сомнителни трансфери не се потврдија, депозитите на штедачите се заштитени

На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој дискутираше за заштитата на банкарскиот сектор и депозитите на штедачите, како и за обвинувањата поврзани со влезот и работењето на Алта банка во Македонија и посочи дека обидот за ширење банкарска паника е предвиден како кривично дело […]

To top