На прво место

На Сиднеј му се случија повеќе од 30.000 Македонци!

protest-sidnej-1

protest-sidnej-1

Македонската фаланга ги затвори централните сиднејски улици!

Протестниот марш, кој успешно го организираа здружени и обединети, сите македонски општествени, културни, социјални и црковни здруженија, започна пред сиднејскиот Town Hall и течеше низ централните сиднејски улици, се до Martin Place, каде што се одржаа главната, официјална манифестација. На овој грандиозен настан австралиската химна ја испеја Милица Кипровска, македонската химна ја испеја Благојче Петров, a aбориџанскиот благослов за одржувањето на настанот на австралиско тло го даде, македонскиот зет, абориџанецот Брет Гроган.

Пред присутните говореа: Џошуа Шерман, Жаклина Михајлова, Игор Марковски, Душан Ристески и Крис Каранфиловски. Во обраќањето беше истакнато дека МАКЕДОНСКИТЕ ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА СЕ ЗАГРОЗЕНИ. Не треба и не смее светот да ги затвора очите пред геноцидот врз македонскиот народ кој трае од 1912 година до денес!

protest-sidnej-2

Таканаречената Македонска Влада нема мандат за да си разговара и преговара за името на Македонија, да ја менува историјата на Македонија, да го омаловажува и безвреднува македонскиот јазик, беше истакнато на Протестот.

Затоа од македонските политичари, се бара безусловно да се прекинат разговорите и преговорите за името на државата, да се отфрли законот за употреба на јазиците, со кој што се редефинира унитарноста и државноста на Македонија, да се ослободат од затвор и притвор и од гонење, осудените од случувањата на 27 април 2017, да се укине притворот за Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец. Македонците од Австралија, побараа македонските епископи да го повлечат барањето за прифаќање на Бугарската црква за мајка црква, зашто тоа е не канонско и е антиисториско.

protest-sidnej-3

Ученикот Игор Марковски во својот говор се праша: „Зарем постојат татковци и мајки во Македонската влада и Парламент , кои сакаат нивните деца да бидат живи духови, жив пепел, прашина која треба лесно да ја избришат? Зарем постојат некои други татковци и мајки, кои што кројат политика во Европа и во Европската Унија, во НАТО, во соседните држави, кои со своите постапки покажуваат дека е доблесно да се краде? Да, токму така, сите оние кои разговараат, преговараат и се токмат да ѝ го сменат името на мојата родна Македонија, за мене се крадци! Како утре ќе живеат нивните деца, кога е видливо, дури и за едно дете како мене, дека сите сакаат, бесправно и бесрамно, да се „накитат со македонски пердуви“?

protest-sidnej-4

На протестот беше истакнато дека: „Ако се избрише Македонија од светската карта – светот ќе биде посиромашен и физички и духовно за една грандиозна големина! Ако се избрише Македонија од светската карта – и за малцинствата во неа ќе биде многу лошо! Ако се избрише Македонија од светската карта и нашите грлати соседи ќе изгубат многу, зашто, ова што нам ни се случува денес, утре ќе стане нивна стварност“!

Ние, Македонците во Австралија, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш, секаде и пред секого, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

protest-sidnej-5

Протестот се одржа достоинствено и горди сме дека сме чесни МАКЕДОНЦИ кои си ги ценат македонските корени и го носат светиот македонски КОД во гените!

По Протестот , во своите извештаи, сиднејската полиција изјави : „Ова е најголемиот протест одржан до сега, на кој учествуваа преку 30 000 луѓе!“

Да сте живи и здрави МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНИЈА да е вечна!

protest-sidnej-6

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top