На прво место

Граѓаните покажаа дека бараат промени и удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта

janusev-1

janusev-1

Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека бараат промени и удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта

Новата реалност покажува дека власта нема простор за радост. Нивниот пад започна. ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија со најголема доверба кај народот.

Граѓаните покажаа дека бараат промени. Удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта.

Македонија гласаше против криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ.

Гласаше против наместените тендери, ароганцијата, нерешавањето на проблемите. Против животот кој стана пекол.

Исто така резултатот е извојуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот сами на избори, против сите останати, против целиот државен апарат и сите други механизми кои тие ги ставија во функција.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. Да беа ова локални избори сега ќе имавме 42 градоначалници, да беа парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број на мандати и ќе беше новиот мандатар.

Фактите говорат и дека ВМРО-ДПМНЕ во услови на притисоци, закани и уцени вчера освои 60.000 гласови повеќе отколку во првиот круг. Значи ја зголемивме својата поддршка. Или вкупно ВМРО-ДПМНЕ тежи 380.000 илјади гласа.

Односно 42.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2017 година.

За нас како партија ова е огромна одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова освоија 3.620 гласа повеќе од првиот круг во Битола, 2.980 гласа повеќе од првиот круг во Прилеп, 1.900 во Охрид, 2.000 во Штип, 2.800 во Велес, 2.500 во Кисела Вода, 3.000 во Аеродром, 2.400 во Гази Баба, 1.200 во Бутел, 2.000 во Ѓорче Петров, 2.000 повеќе во Карпош и 1.600 повеќе во Центар.

Овие бројки покажуваат дека граѓаните ја препознаа алтернативата на криминалот, корупцијата и непотизмот, која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните бараат право и правдина.

Неприродниот раст на власта во гласови помеѓу првиот и вториот круг од изборите, не е последица на откровението на метлата на Заев, ниту вербата дека нешто ќе подобри, туку едноставно резултат на пазар, на притисоци, уцени и закани.

Сега апсолутната власт значи и апсолутна одговорност за сите неуспеси на власта.

Власта ги злоупотреби институциите, особено полицијата.

ВМРО-ДПМНЕ по прегледување на сите записници од сите избирачки места ќе поднесе приговори до ДИК.

Ќе ги процесуираме забелешките од терен, за организирано носење на луѓе на гласање, за групно гласање, агитирање, поткуп и други нелегални дејствија. За овие и за други законски прекршувања ќе бидат поднесени кривични пријави. Одговорност мора да има и ќе има.

На крај,

Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои излегоа и во време на неправда, во време на мракобесието кое го наметнува власта излегоа, со крената глава и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Вие сте хероите кои се одважија и покажаа дека Македонија им е најважна. Ќе ги споменам и оние кои не гласаа за нас, и оние кои решија да останат дома. Имаме почит кон сите вас и ве уверуваме дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

Како претседател на Републичкиот изборен штаб сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од истиот, и на претседателите на општинските комитети, на целокупниот тим на секретаријатот, кој го даде својот максимум, на целокупната партиска структура. Покажавме дека сме од тврд материјал, од најтврдиот, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е фактор кај народот и најсилната партија во Република Македонија. Вие сте хероите на овој факт, и луѓе кои донесоа одлични резултати во едно тешко време на притисоци, закани и обележувања. Ќе продолжиме таму каде што застанавме вчера, имаме простор за многу работа, за мотивирање на луѓе и дополнително растење. Главата горе, продолжуваме, уште посилно. Да ја оправдаме довербата на оние кои ни ја дадоа и да ја добиеме на оние кои се колебаа.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top