На прво место

Нација жедна за победи

Пишува: Светислав ВАСЕВ

Нација жедна за победи

Вардар е европски шампион во ракомет. Повторно во Скопје оди титулата од стариот континент. Нацијата уште еднаш покажа дека знае да се радува на своите успеси. Не беше потребна политиката за да ги усреќи луѓето, потребна е само победа и демонстрација на гордост за народот да се обедини и да си го сака своето. Ќе го искористам овој радосен момент за нацијата да укажам на колективната апатија и анксиозност во општеството и како да ја трансформираме нацијата од нација која претрпе многу порази во нација со крената глава која сака и знае да победува.

Победата на Вардар уште еднаш покажа дека доколку на народот му се даде причина за радост и сплотеност тој и те како знае да ја одбележи. Сите се прашуваме каде е ваквиот ентузијазам, сплотеност и енергичност кај нацијата во остатокот од времето, кај се губи овој жар? Одговорот е поприлично едноставен. – Политиката во последните две години, па може да се рече и претходно го имаше исцрпено народот, му имаше влеано чувство на страв, кој создаде една анксиозност и апатија како народот да изгубил војна. Па така без поголем отпор му се подметнуваа разни решенија, како политички, така и економски.

Каде е проблемот? И како да се реши колективната апатија?

Проблемот е во менталниот склоп на сегашната власт, СДСМ, како и остатокот од левичарски партии ширум светот забега на идеолошка основа, широкото толкување на либерализмот и неговото сфаќање низ призмата кој не размислува како мене, не е во право и треба да биде нападнат за неговиот светоглед се покажа како кобно. Ваквиот поглед на светот, одразен во Македонија, создаде една поделеност во државата, која како минува времето се сегрегира се повеќе и повеќе до секое поле во општеството.
Народот се подели на наши и ваши, луѓе се караат за се и сешто, а државата никако да тргне напред, напротив, не да тапка во место, туку и назад се враќа. Ваквата ситуација најмногу и одговара на власта. Чиниш Цезаровата – раздели па владеј, оживеала во македонски контекст.

Во ситуација на општествена сегрегација се протуркаа безброј лоши решенија, политики, договори, како резултат на тоа народот се иселува и се смета за немоќен да смени нешто.

Каде е лекот? Тој секако е само кај креаторите на општественото мнение кои мора да ги препознаат алатките на власта која и одговара состојбата на поделба и се разбира кај самите луѓе. Дека може да се излезе од колективната анксиозност и апатија покажуваат настаните како освојувањето на европската титула од страна на Вардар. Во моменти на голема радост народот се сплотува.

Како што обединувањето дојде сега може да биде и ефект кој ќе се повторува циклично. Тоа го имаме кај сите горди нации, германците, французите, американците, британците, русите… Најважно е да ги кренеме очекувањата и како нација да бараме повеќе и подобро. Тоа треба да го направиме првин од дома од условите во кои работиме, услугите кои ни ги пружа државата, проектите кои ги нудат политичарите, и на крај тоа ќе се ефектуира во спортот, културата, меѓународната политика… Не постојат мали и големи нации, постојат нации кои знаат и сакаат да победуваат и нации кои се помируваат со поговорката – наведната глава сабја не ја сече. Македонската нација е горда нација и знам дека сакаме да победуваме, затоа да почнеме секој од себе, па колективно, победничкиот менталитет мора да стане наш начин на размислување. Македонија може!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top