На прво место

СДСМ сака да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Македонија

СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија, ова го истакна на денешната прес-конференција Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Молкот на Заев, Спасовски и нивните послушници за скандалозното законско решение нема да го сокрие срамот на СДСМ од овој голем скандал. Имено, молкот само потврдува дека тие се согласуваат со скандалозната формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик во која СДСМ за македонскиот јазик вели дека е „странски / втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Но, според Уставот и законите, македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор јазик во Република Македонија. Согласно Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ Македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. СДСМ мора итно да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик ниту странски јазик во Република Македонија, рече Роберт Вељановски.

Заев, Спасовски и СДСМ, додаде Вељановски, заговараат неуставно и навредливо законско решение кое во членот 7 повторно го понижува македонскиот јазик. Во него се вели дека „на јавните настани финансирани од буџетот, задолжително се употребува и македонскиот јазик.

– Иако во оценката на состојбите што треба да се уредат со овој закон звучно се декларира дека со овој закон се зацврстува посебната заштита на јазикот како нематеријално културно наследство, одредбите на овој закон се далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер, изјави Вељановски и побара Заев, Спасовски и СДСМ да не ја ставаат политиката над науката и да ги слушнат жестоките реакции и критики на 90% од стручната јавност за ова несреќно законско решение.

Со оглед на извонредното значење на овој закон за широката јавност, овој закон, како што нагласи Вељановски, не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура, односно низ три читања.

– СДСМ мора да прекине да ја злоупотребува техничката влада за срамно политиканство кое прави штета на македонските националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос кон македонскиот јазик од страна на СДСМ и ќе работи на итно и темелно подобрување на предложениот закон, додаде Вељановски и порача дека обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на националните интереси.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top