На прво место

Македонски историски календар: 1 септември

Македонска Нација

1946 – Почнало Првото заседание на Народното собрание на Македонија

На 1 септември 1946 година во Скопје било отворено Првото заседание на избраното Народно собрание на Македонија.

Седницата ја отворил најстариот пратеник, македонскиот револуционер и илинденец Крсто Гермов – Шаќир Војвода. Со почетокот на работата на Собранието продолжило институционалното градење на македонската држава, чии темели биле поставени на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

1967 – Починал Емануел Мане Чучков

На 1 септември 1967 година во Скопје починал Емануел Мане Чучков, македонски државник, професор, географ, културен и национален деец.

Роден е на 27 ноември 1901 година во Ново Село, Штипско. Во младоста бил дел од Македонската младинска тајна револуционерна организација, а подоцна учествувал во подготовките и во работата на Првото заседание на АСНОМ.

На заседанието бил избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Се залагал за поголем суверенитет на Македонија и за обединување на македонскиот народ. Поради ваквите ставови бил политички отстранет од високите функции.

Чучков оставил значајни трудови од областа на географијата, историјата, етнографијата, фолклористиката и просветата. Бил еден од истакнатите македонски интелектуалци и државотворци од генерацијата на АСНОМ.

Најново од: На прво место

Мицкоски за посетата на САД: Планирани средби на ултра високо ниво со државници и финансиски институции

Премиерот Христијан Мицкоски најави средби на ултра високо ниво во американскиот Сенат, Конгресот и Стејт департментот, како и разговори со претставници на финансиската институција DFC, државници и влијателни тинк-тенк организации, во рамките на претстојната посета на Соединетите Американски Држави. Мицкоски утре со владина делегација заминува за САД, каде најпрво ќе престојува во Вашингтон, а потоа […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот кога Македонија беше дел од југословенската федерација беше единствената политичка партија која отворено зборуваше за независна, демократска и суверена македонска држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – повеќе демократија“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата и […]

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

Најнови вести

To top