На прво место

Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ денес продолжува од Бачилото Салтаница кон манастирот Кнежино

Коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“ денес, 28 јули 2026 година (вторник), ќе го продолжат својот седумнаесетти поклоннички и илинденски марш кон Крушево и Мечкин Камен.

Новиот ден започнува рано, во 07:00 часот, со поаѓање од бачилото Салтаница, по патеката што минува покрај бачилото Сулумуница.

Пред коњаниците е уште една етапа низ прекрасните, но и предизвикувачки предели на Бистра, каде секој чекор претставува потсетник на истрајноста, заветот и љубовта кон Македонија.

Според планираната маршрута, околу 11:00 часот се очекува пристигнување во бачилото Раштанец, каде ќе биде направена кратка пауза за одмор и освежување на коњите и учесниците.

По паузата, коњаницата ќе го продолжи патот кон едно од најзначајните духовни светилишта во овој дел на Македонија – манастирот Кнежино. Таму, според програмата, се очекува да пристигне околу 16:00 часот, каде коњаниците ќе бидат пречекани со традиционално гостопримство и ќе се поклонат во манастирскиот храм, барајќи благослов за последните денови од маршот кон славното Крушево.

28 јули 2026 (вторник)

  • 07:00 – Поаѓање од бачило Салтаница покрај бачилото Сулумуница.
  • 11:00 – Пристигнување во бачило Раштанец.
  • По кратка пауза, продолжување кон манастирот Кнежино.
  • 16:00 – Пристигнување во манастирот Кнежино.

Маршот „Патот на Црешовото Топче“ не е само патување низ македонските планини. Тој е жив завет што веќе седумнаесет години ги поврзува верата, традицијата, историјата и љубовта кон татковината. Со секој изминат километар коњаниците ја носат пораката дека споменот за илинденците и нивната жртва останува жив, а нивниот идеал продолжува да ги обединува генерациите Македонци.

Патувањето продолжува, а секој нов ден ги приближува кон нивната крајна цел – Мечкин Камен, каде и оваа година достоинствено ќе им се поклонат на хероите на Илинден, продолжувајќи го аманетот што тие го оставија за идните поколенија.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top