На прво место

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј.

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција.

Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија високото деветто место. Првите седум места им припаднаа на тимови од Турција, додека осмото место го освои тим од Азербејџан.

Особено впечатлив беше резултатот во дисциплината пиштолско гаѓање, во која македонските специјалци освоија 2.098 поени — значително над натпреварувачкиот просек од 1.173 поени.

Покрај високиот пласман, македонскиот тим доби признание и за професионалниот однос и спортскиот дух, вбројувајќи се меѓу трите најдобри тимови во категоријата „ферплеј“.

Со прецизноста, подготвеноста и коректниот однос кон другите учесници, припадниците на САЕ „Тигар“ достојно ја претставија Македонија и покажаа дека можат рамноправно да се натпреваруваат со елитни тимови од повеќе држави.

Најново од: На прво место

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ: ТОДОР ПЕТРОВ ГО КРЕНА ПРВОТО ДРЖАВНО ЗНАМЕ СО ШЕСНАЕСЕТЗРАЧНОТО СОНЦЕ ОД КУТЛЕШ

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ: ТОДОР ПЕТРОВ ГО КРЕНА ПРВОТО ДРЖАВНО ЗНАМЕ СО ШЕСНАЕСЕТЗРАЧНОТО СОНЦЕ ОД КУТЛЕШ Свечена седница, историски сведоштва и изложба во Собранието на Македонија по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав на суверена и самостојна држава Македонија.** **СКОПЈЕ, 17 ноември 2026 година** – Со свечена седница во Собранието на Македонија беа […]

18 ноември 1944 – Ослободен е Гостивар

На 18 ноември 1944 година, во попладневните часови, Петнаесеттата македонска бригада на 48. дивизија прва влегла во Гостивар. Градот бил ослободен истиот ден, во завршните операции на Народноослободителната војска на Македонија во западниот дел на земјата. На ослободувањето на Гостивар му претходеле тридневни борби во Кичевско. Од 15 до 17 ноември, на потегот од Кичево […]

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

To top