На прво место

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година.

Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот во центарот на Непроштено.

Организатор на настанот е Иницијативниот одбор, во соработка со семејствата на киднапираните и убиените жители на селото.

Редослед на активностите

  1. Прием на гостите и делегациите
  2. Интонирање на државната химна на Република Македонија
  3. Панихида
  4. Полагање цвеќе пред спомен-обележјето
  5. Кратко обраќање на Иницијативниот одбор

„Со наведнати глави и длабока почит ќе им оддадеме вечен помен на нашите сограѓани, чии животи беа насилно прекинати, но чие име и жртва засекогаш ќе останат врежани во нашата колективна меморија“, се наведува во поканата.

Од Иницијативниот одбор посочуваат дека комеморацијата претставува чин на достоинство, почит и благодарност, но и силна порака дека вистината, правдата и сеќавањето не смеат никогаш да бидат заборавени.

Присуството на граѓаните ќе биде израз на почит кон жртвите, поддршка за нивните семејства и заедничка заложба идните генерации да ја паметат оваа трагедија.

Вечна им слава!
Нека почиваат во мир!

25 години сеќавање | 2001–2026

Најново од: На прво место

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 […]

Платформата бара оставка од Филипче

Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДС во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата, се наведува во соопштението на Платформата за промени во СДС. По резултатот од првиот круг на изборите за градоначалник на општина Брвеница, во кој кандидатот на СДС […]

Филипче и СДС: Изгубивме убедливо — подгответе ја прославата!

Победниците обично слават, а поразените анализираат. СДС на чело со Филипче, конечно го надминавме тој „застарен“ обичај: победниците нека ја водат општината, поразените ќе ја водат прославата! Брвеница гласаше, кутиите се отворија, гласовите се преброија. ВМРО-ДПМНЕ — СДС: 4:1. Но вистинската неизвесност почна потоа: како СДС ќе го претвори убедливиот пораз во охрабрувачка вест? И […]

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во Брвеница — на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг во Брвеница. На 1 ноември влегуваме во вториот круг со голема предност и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба, порача Ковачки. Ковачки упати благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои излегоа на гласање […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека […]

Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови води во Брвеница — во вториот круг со Аркин Јахи

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 2.943 гласови, односно 38,90%, според првичните резултати на Државната изборна комисија. Со предност од 791 глас пред второпласираниот Аркин Јахи, Радичевски влегува во вториот изборен круг. Според податоците на ДИК, ажурирани на 18 октомври во 21:27 часот, обработени се сите 24 избирачки места во Општина […]

Светски подвиг на Матка: нов светски рекорд во пештерско нуркање

Македонски, полски и италијански нуркачи ги поместија границите на истражувањето на Врело. Според Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, достигнувањето претставува нов светски рекорд во пештерско нуркање. Под мирната површина на Матка, меѓу карпите што го чуваат едно од највпечатливите природни богатства на Македонија, меѓународен тим нуркачи оствари исклучителен подвиг. Во рамките на експедицијата „Врело 2026“, подводната пештера […]

To top