На прво место

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт.

Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа.

Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено дека давањето кредити без соодветно покритие.

Меѓу фирмите кои добиле големи кредити без покритие се и 29 струмички, меѓу кои и фирми блиски до тогашниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев.

Имено меѓу фирмите од Струмица кои од Еуростандард банка зеле кредити без покритие беа Сара Инжинеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви.

Истите овие фирми кои на „слепо“ од банката зеле огромни суми на пари преку високоризични кредити кои потоа и не ни ги враќале, се стекнале со богатство од 13 милиони евра. Граѓаните штеделе пари за истите, преку кредити без покритие, да завршат кај блиските на Филипче и Заев.

Трагите на парите од Еуростандард банка покажуваат дека зад нејзиното пропаѓање стојат функционери и фирми блиски до функционерите на СДС, на чии сметки завршувале парите кои граѓаните ги штеделе во банката.

СДС, исто така, беше на власт и во 1997 кога пропадна битолската штедилница ТАТ, која предизвика целосен колапс на довербата во тогашниот банкарски систем и тешки социоекономски последици.

Но, за среќа, СДС се минато и ниедно сценарио или желба на антимакедонецот Венко Филипче за предизвикување општ хаос нема да му се исполни.

„Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, а заштедите на граѓаните безбедни“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Радичевски: Од Брвеница до Челопек, општината им припаѓа на сите граѓани

„Една Брвеница за сите“ е визија за рамномерен развој, еднакви можности и почит кон секој човек, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори. Обраќајќи им се на присутните, Радичевски истакна дека нивната сплотеност е порака оти Брвеница сака развој, напредок и подобри услови за живот, […]

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

To top