На прво место

Врхушката на СДС не покажува ниту минимум чувство за национална одговорност!

Македонска Нација

Македонска Нација

Никаде во светот нема пример опозиција свесно да застане зад услови и уцени што директно удираат врз сопствениот народ, идентитет, историја и достоинство.

Токму тоа денес го прави СДС.

Наместо да застанат зад Македонија, врвот на СДС застана зад туѓите барања. Наместо јасно да кажат дека европскиот пат не смее да биде условен со бришење на македонскиот идентитет, јазик и историска меморија, тие ги оправдуваат и поддржуваат ваквите понижувачки условувања.

И тука веќе не станува збор за политичка разлика. Ова не е судир меѓу левица и десница. Не е дебата за даноци, плати или инфраструктура. Ова е прашање дали ќе застанеш зад сопствената држава или ќе станеш продолжена рака на оние што сакаат Македонија да преговара за сопствената историја, идентитет и национално достоинство.

Најстрашно е што врхушката на СДС не покажува ниту минимум чувство за национална одговорност. Наместо отпор кон неправдите, тие нудат сервилност. Наместо борба за македонските позиции, тие нудат оправдувања и прифаќање на секое ново понижување што доаѓа однадвор. Колку повеќе растат притисоците врз Македонија, толку повеќе раководството на СДС се обидува да ја убеди јавноста дека откажувањето од сопствените црвени линии е „европска иднина“.

Во Европа, па и во целиот свет, нема ваков пример опозиција да работи против сопствената држава во моменти кога таа е изложена на надворешни притисоци.

Во Франција, Германија, Полска, Италија и други европски држави, политичките партии можат жестоко да се напаѓаат меѓу себе, но кога станува збор за националните интереси – постои црвена линија. Таму никој не оди по странски амбасади и институции за да ја кодоши и оцрнува сопствената држава и да ги охрабрува оние што поставуваат понижувачки услови.

Кај нас, за жал, СДС отворено е застапник на туѓите агенди. Додека македонскиот народ бара достоинство и почит, тие нудат покорност. Додека граѓаните бараат гаранции за зачувување на идентитетот, тие нудат нови отстапки и нови понижувања.

Но народот гледа и памети.

Граѓаните одамна сфатија дека Европа не е проблемот. Проблемот се политичари како овие од врвот на СДС, кои заради личен спас, фотелји и поддршка однадвор се подготвени да прифатат сè, дури и по цена на национално обезличување.

Тие одамна престанаа да се однесуваат како политичари што ги штитат интересите на Македонија. Со нивните секојдневни соопштенија и ставови, тие повеќе се грижат за сопствениот политички опстанок, дури и кога цената за тоа ја плаќа македонскиот народ.

Политичките партии доаѓаат и си заминуваат. Но остануваат народот, државата и достоинството.

Најново од: На прво место

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

To top