Тема: ширење паника

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

Има ли нешто добро за Македонија што СДС може да го поддржи?

Секогаш кога ќе се најави поголема инвестиција или развоен проект, СДС реагира со сомнежи, обвинувања и апокалиптични сценарија. Наместо аргументирана дебата за условите под кои треба да се градат дата-центрите, опозицијата повторно избира да шири страв меѓу граѓаните. Оттука се поставува прашањето: има ли нешто што е во интерес на Македонија, а за кое СДС […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Зошто се крие пратеникот и претседател на СДС Филипче кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание

Филипче ја замени собраниската дебата со прес-конференции, блокади и ширење страв Венко Филипче не е само претседател на опозициска политичка партија. Тој е и пратеник, избран од граѓаните и платен со парите на македонските даночни обврзници. Токму затоа, од него се очекува да биде присутен во Собранието, да учествува во суштинските дебати, да предлага решенија […]

To top