На прво место

СПОМЕН ЗА БОРЦИТЕ И ЖРТВИТЕ ОД ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

smk

smk8 септември 2014 година, Штип, Македонија

Во организација на здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Македонски Егеј“ од Штип, во Паркот на борците и жртвите од егзодусот на Македонците од Егејска Македонија во Штип, а по повод 65 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и Денот на независноста на Македонија, се одржа чествување на кое присуствуваа претставници од здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од цела Македонија, пратеници, советници и градоначалникот на општина Штип.

Присутните ги поздрави претседателот на Македонски Егеј од Штип, Јордан Тунев, градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола Христо Гаков и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Во своето обраќање, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Ташко Јованов, рече: – Почитувани браќа и сестри Македонци, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ви го честита Денот на независноста на Македонија. Оваа година за првпат после 33 години, Четириесет и третата Светска Македонска иселеничка средба и Триесет и четвртата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ги одржавме заедно, на 2 август, во Трново, како една Семакедонска средба. Покажавме, дека единствени сме побројни и посилни! Повеќе од 10.000 Македонци од сите делови на Македонија и од целиот свет, го поздравија обединувањето. Веруваме дека единствени ќе ги оствариме нашите права во Грција и еден ден слободно ќе одиме во Егејскиот дел на Македонија. Сојузот МАКЕДОН е за обединување на сите здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Републиката и затоа постоиме! Нека им е вечен помен и спомен на Македонците жртви од грчкиот геноцид во Балканските војни и Граѓанската војна во Грција! Да живее македонскиот народ! Да живее Македонија!

Во своето обраќање, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Христо Гаков, рече: – Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, почитувани дами и господа, за многу години Денот на независноста на Македонија, вечен помен за жртвите од грчкиот геноцид врз македонскиот народ. Во името на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Ви упатувам искрени поздрави од градот на конзулите. Аманетот од Битола во Штип: само единствени и обединети и крај на делбите и предавствата! Овој патронен Ден не обединува во копнежот по стари крај, нашите куќи и гробови во Егејскиот дел на Македонија. Остануваме посветени на единство во акцијата, за трајно решавање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Да живее Македонија! Да живее Македонскиот народ!

Во своето обраќање, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, рече: – Почитуван градоначалник Илчо Захариев, почитуван господине Јордан Тунев, почитуван господине Ташко Јованов, почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, во името на Светскиот Македонски Конгрес како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и Матицата на иселениците од Македонија, Ви го честитам 8 септември – Денот на независноста на Македонија. На осми септември 1991 година, Македонците, граѓаните на Македонија, во апсолутно мнозинство гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија“, без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите! Ни останува потсетувањето до власта, која и да е, после 23 години независност: Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед – Хеленската Република! Бараме итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија во Балканските војни 1912-1913 и геноцидот врз македонскиот народ кој се уште трае! Доколку антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноциод врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците во целиот свет го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Минатата година одбележавме 100 години од Балканските војни, 100 години од Букурешкиот договор, 100 години од окупацијата врз Македонија и 100 години од геноцидот врз македонскиот народ! Оваа година одбележуваме 100 години од почетокот на Првата Светска Војна! И само за потсетување, во Првата светска војна биле насилно мобилизирани 210.000 Македонци во спротиставените Централните сили и Антантата, во Македонија биле распоредени 1.200.000 странски војници по должината на Македонскиот фронт, кои го опустошиле населението и земјата, загинале 10.500 Македонци во војските на Србија, Бугарија и Грција, 120.000 Македонци се иселиле од Македонија во белиот свет за спас, Дојран и Битола биле целосно запалени, врз вицилното население биле фрлани бојни отрови, како што во Граѓанската војна во Грција биле фрлени напалм бомбите на Грамос и Вичо. Оваа година одбележуваме 65 години од крајот на Граѓанската војна во Грција. Со овие војни е извршен геноцид врз македонскиот народ и окупација врз Македонија! Овие војни за Македонците се окупаторски! Вечна им слава на сите македонски херои, знајни и незнајни, вечен им покој на сите Македонци жртви во овие војни. Догодина, Господ здравје, побројни и единствени, да им одржиме панихида на борците и жртвите од егзодусот на Македонците од Егејска Македонија во оваа преубава црква што се гради пред нас посветена на “Светите Константин и Елена“. Бог да ги благослови Македонците каде и да се, Бог да ја благослови Македонија! Амин!

Чествувањето продолжи со културно-уметнички програма, рецитации за Македонија имаа поетесата Виолета Сековска и рокерот Симеон Иванов Канго, а песни од Егејска Македонија отпеа Марија Димкова.

Организаторот на чествувањето очекува набргу да завршат градежните активности и идната година во Спомен-паркот да биде осветена црква посветена на Светите Константин и Елена.

2

mane 1

mane 3

mane 4

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top