На прво место

Грција ги крие доказите за најстариот човек во светот откриен во Егејска Македонија

neandertalci-obitelj

neandertalci-obitelj

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос честитајќи го празник на град Солун „Свети Димитриј Солунски“, пред медиумите ќе рече „Да живее Солун, вечниот главен град на Македонија“ и притоа не пропушти да повтори дека „Македонија е грчка“. Самата негова честитка ни говори за историската вистина, односно дека Солун е главен град на Македонија, а не на Грците. Ако беше поинаку тој барем ќе кажеше „Да живее Солун вечниот главен град на Грција.  Исто така, кога вели  дека „Македонија е грчка“, тој само му укажува на светот дека Грција го има окупирано главниот град и дел од територијата на Македонците, за кои цел свет знае дека не се исто што и Грците.

Истражувањата на Швајцарскиот институт Игенеа одамна ќе докажат дека денешните Македонци се автохтони и потомци на античките Македонци, додека Грците пак имаат корени од Африка. Оттука и едно одамна започнато антрополошко истражување во Егејскиот дел на Македонија, грчките власти со сите сили се обидуваат да го спречат и да ги уништат сите докази, како што тоа го прават и сите други докази  кога се во прашање на Македонците.  

Се работи за откритие во пештера на плуостровот Халкидик кај селото Камени Гумна или Теклели (Петралона), 35 км. јигоисточно од Солун Егејска Македонија. Таму се откриени најстарите човечки останки во светот, кои ги рушат теориите дека најстар предок на човекот е Неандерталецот, чија старост се проценува од 30.000 до 100.000 години. Иако ова откритие е направено уште во далешната 1959 година, Грција подоцна го забранува секое истражување и ги уништува доказите поврзани со најстариот човек од Егејска Македонија.

Во 1959 година, овчарот Филип Хаџаридис во потрага по вода случајно ја пронајде пештерата во околината на селото Петралона, Егејска Македонија. По топењето на снегот, наредната година, група соселени ја посетуваат и истражуваат пештерата. Тие внатре откриваат низа сталигмити и сталактити, но и нешто зачудувачко. Христос Саријанидис наишол на череп на возрасен маж (25 – 30) години враснат во ѕидот. Местото било наречено „Мавзолеј“, а ова откритие ќе привлече многу научни истражувања и експедиции. Овие истражувања че откријат бројни фосили, вклучувајќи видови кои живееле пред луѓето, потоа животински влакна, фосилно дрво, како и алат од камен и коски.   

Претседателот на селото Петралон го предал черепот на Универзитетот во Солун и било договорено да се отвори музеј во кој би биле изложени откритијата од пештерата  и черепот да се изложи во музејот, но тоа никогаш не се оствари.

Др Арис Поулианос, стручен антрополог и член на Меѓународната унија за антрополошки и етнолошки науки на УНЕСКО, а подоцна и основач на Антрополошката асоцијација на Грција, бил повикан од страна на грчкиот премиер да предава на Универзитетот во Атина. Тоа се случува по објавувањето на книгата „Потеклото на Грците“ во која тој тврди дека Грците не потекнуваат од Славјаните.

По враќањето во Грција и дознавањето за откритието на черепот, кој е бил целосно сочуван и недостасувала само долната вилица, др Поулианос веднаш започнал со проучување на „човекот од Петралона“ или како го нарекува Archanthropus europeaus petraloniensis. Според неговите истражувања, тој тврди дека черепот е стар околу 700.000 години и дека е најстар човечки еуропеид некогаш откриен во Европа.  Во поддршка на неговите тврдења тој ќе наведе дека черепот бил пронајден во слој кој содржи најмногу алатки и траги од живење и дека магнетната резонанца покажала дека староста на слојот е околу 670.000 години.

Во текот на ископувањата биле пронајдени и два човечки скелети и многу други остатоци од животот. Меѓутоа, неговите истражувања ќе покажат дека човекот пронајден на македонска територија (човекот од Петралона) еволуирал поинаку и дека не е потомок од Африка, за разлика од Грците.

Независните германски истражувачи, Бреитингери Сикенберг, веднаш се обиделе га ги оспорат откритиата на др Поулианос, наведувајќи дека станува збор за череп кој е стар само 50.000 години и дека е во прашање предок кој потекнува од Африка. Сепак, повеќето иследувачи врз основа на истражувањата на черепот со електронска-спинова резонаца, сметаат дека станува збор за Homo erectus стар меѓу 160.000 и 240.000 години, а пак истражувањата вршени во САД во 1971 година ја поддржа теоријата дека черепот е стар 700,000 години. Основа за ова тврдење е анализата на пештерската стратографија и седиментите во кои черепот бил вграден. Понатамошните истражувања откриле во оваа пештера заби и скелети стари 800.000 години, како и фосили на некои други видови.

Денес многу академици кои ги анализираа остатоците од Петралона, велат дека черепот му припаѓа на архаичниот вид на хоминиди кои настанале од Homo erectusa, класичните Неандерталци и анатомски модерните луѓе, така да имаат особини на сите овие видови, како и силни европски особини. Така да овој череп во потполност ја оспорува афричката теорија за човековата еволуција.

Понатамошните истражувања во пештерата кои биле изведувани со учество на меѓународни истражувачи (46 експерти од 12 држави), ги потврдуваат наодите на др Поулианос.Меѓутоа, истражувањето било прекинато поради воведувањето диктатура во Грција, а продолжено во 1983 година. Тогаш владата на Грција наредила да се забранат сите истражувања на тоа место, па и на првобитниот тим. Петнаесет години никој немал пристап на ова археолошко наоѓалиште. Кога Археолошкото друштво го изнело целиот случај на суд, било дозволено повторно да се истражува. Меѓутоа, Министерството за Култура од тој момент започнува на сите начини да ја преиначи одлуката на судот и да го спречи секое истражување.     

Откритието на др Поулианос се спротивставува на сите конвенционални разбирања за човековата еволуција, а неговите истражувања се оспоруваат. Нему и на неговиот тим му било забрането да ја посетува пештерата, а во 2012 година тој и неговата сопруга ниле нападнати во нивниот дом. Денес не е познато каде се наоѓа черепот, а постои стравување дека доказите се уништени. Се смета дека се уништени 90% од доказите.  

Др Поулианос ќе ја обвини грчката влада дека прави се да се дискредитира неговата работа и дека се блокираат неговите натамошни истражувања во пештерата во Петралона. Како што вели тој „многу е тажно кога се гледаат доследните напори на грчката влада да се скрие вистината од јавноста и да го уништи животот на луѓето кои го посветиле животот на истражување и истражување за вистината“. Европската антрополошка асоцијација која го подржува грчкиот антрополог, реагирала до грчката влада.

Но кога се работи за Македонија, Грција никого ниту слушала ниту штедела  средства за да уништи или пак да ја фалсификува историјата.

(извор: – http://www.novi-svjetski-poredak.com/2015/10/26/otkrice-grckog-antropologa-koje-je-najstrozija-tajna-povijest-ljudske-vrste-je-potpuna-laz/)

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top