На прво место

79-година од ослободувањето на Скопје

th

thНа 13 ноември се навршуваат точно 79 година од ослободувањето на градот. Ден кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот Скопје.

Познатите настани во втората половина на 1944 година, кога борбите за ослободување на Македонија зедоа голем замав, ќе го наговестат ослободувањето на Скопје. Кон крајот на август, почна масовно префрлање на градската младина во единиците на македонската војска, а на 29 август од затворот Идризово бегаат 300 затвореници од кои најголем дел беа организатори на Народноослободителната борба од градот и околината. Нив ги прифаќа Третата македонска ударна бригада и веќе наредниот ден влегуваат во борба со окупаторот.

Тоа беше време кога народноослободителна војска на Македонија прераснува во крупни воени единици како бригади, дивизии и корпуси. Во самиот град пак делуваат помали единици, диверзантски групи, што предизвукуваат метеж во редовите на окупаторот, вршејќи напади и разорожувајќи ги окупаторските војници.

Утрото на 12 ноември 1944 година, започнаа борбите за конечно ослободување на градот Скопје, а веќе наредниот ден во вечерните часови градот беше слободен.

Во ослободувањето на Скопје учествуваат Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесеттата македонска бригада, додека градот го бранеа единиците на 22-та гренадирска германска дивизија (47-иот и 65-тиот полк) и делови од 11-тата воздухопловна десантна дивизија и други групи од разни единици. Пред Качаничката Клисура беше распоредена германската тврдинска бригада „Ангермилер“. Се проценува дека јачината на германските единици во Скопје биле сили на повеќе од една дивизија.

Борбата за Скопје отпочнува утрината на 12–ти во јужниот дел на градот. Додека единиците на македонската војска брзо напредуваат низ борби по улиците, окупаторот се повлекува до порано утврдените згради. Третата македонска бригада која настапувала од правецот од Кисела Вода, се пробила до центарот каде го совлада отпорот на Германците. По заземањето на зградите дојде до кејот, каде што води борба за мостовите. Делови од 12-тата и 3–тата бригада отпочнаа борба за железничката станица и Кранговата палата, а главните сили на 12-тата бригада водеа борба за зградата на Учителската школа и Поштата.

Во текот на 12 и 13 ноември се развија жестоки борби. Одделни згради, како на пример Поштата, по неколкупати преминуваа од раце в раце. Во овие борби голема улога имаат диверзанстките групи од градот. Веднаш по продорот на единиците на македонската војска, тие се појавија и ненадејно ги нападнаа Германците в грб. Потоа се поврзаа со единиците и вршеа улога на водачи, кои точно го познаваа градот и организацијата на германската одбрана.

50-тата дивизија и 8-та бригада, ги започнаа нападите со извесно задоцнување. Претпладнето на 12 ноември тие отпочнаа со нападите на германската одбрана на источниот дел од градот. 16-тата бригада која успеа да разбие неколку балистички групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора, на 12 ноември попладне, го отпочна нападот на касарните. Така обрачот се` повеќе се стеснувал околу германските сили.

Ноќта меѓу 12 и 13, и на 13 ноември борбите продолжиле низ цело Скопје. Меѓутоа, германските сили, што беа во северниот и во североисточниот дел на Скопје, како и во деловите на западниот дел на градот, успејаа да се извлечат под заштита на тенкови и да отстапат во правецот кон Качаник. Германците што останаа забарикадирани во разни згради, почнаа постепено да капитулираат. Најдолго се држеа Германците во Учителската школа и Поштата, кои капитулирале дури доцна во ноќта на 13 ноември, по што следува чистење на градот од одделни помали заостанати групи Германци.

Брзите и силни напади на македонската војска, како и дејствувањето на 20-тина диверзантски групи (3-4 лица), кои ги пресекуваа телефонските и телеграфските кабли, ги спречија Германците да ги разурнат минираните згради што ги бранеа, како и мостовите во Скопје. Со пресекување на каблите, тие го спречија минирањето и на Камениот мост. Исто така, по жестоки борби било спречено да ја минираат и хидроцентралата Матка. Со помош на ударните групи на месното население, македонската војска успеа да ги разбие балистите и Германците и со тоа да ја сочува хидроцентралата, како и Скопје од евентуална поплава.

Додека единиците на македонските бригади го гонеа непријателот од Скопје, Градскиот народноослободителн одбор, на 13 ноември 1944 година, издава објава за првите мерки кои ги превзема народната власт во ослободено Скопје.

Само неколку дена по влегувањето на единиците на македонската војска во Скопје, додека во околината продолжуваа операциите за разбивање на остатоците на непријателските сили, во градот пристигнаа членовите на Президиумот на највисокиот орган на македонската држава, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македнија (АСНОМ), на ГШ на НОВ и ПОМ и раководствата на голем број општествено – политички организации.  

По ова вистинско ослободување на Скопје, градот почна да живее, да расне и да се развива. И покрај природните катастрофи кои во меѓувреме го снајдоа, поплавата 1962 и земјотресот во 1963 година, со помош на домашната и маѓународната заедница, последиците набргу беа надминати, а градот продолжи слободно да чекори и да се движи напред. Денес, по 71 година, Скопје стана вистинска метропола.

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top