Коментари

Османлиите не им забранувале на христијаните да градат верски објекти

Свекрва

Ниту во турско време Османлиите не им забранувале на христијаните да градат верски објекти, а муслиманите и христијаните заедно ги чуваа и ги почитуваа симболите на христијанската вера.

Денес т.н. „борци за човекува права“, кои се сметаат за наследници на отоманската верска културна оставнина, наместо да ги почитуваат традициите, тие се спротивставуваат на изградбата на Крст во Бутел и притоа душмански го претепаа иницијаторот Тодор Петров.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, иницијатор и донатор за поставување на обележје Крст во општината Бутел, по свеченото осветување на темелите на овој христијански симбол на животот и соживотот, беше крвнички претепан од членови на ДУИ во угостителскиот објект „Казабланка“.  

На овој антихристијански и антицивилизациски чин му претходеше противење на ДУИ да се постави Крст како симбол на христијанската вера во општината Бутел, каде живеат во најголем дел Македонци, но и Албанци од христојанска вероисповед. Дури и самиот чин на осветување на темелите на Крстот помина во тензична атмосфера со големо присуство на полиција која спречи поголема група протестанти предводени од челници на ДУИ да го попречи овој благороден чин. Тоа се оние истите луѓе кои само неколку денови пред тоа поставија симбол на УЧК, луѓе кои ги предизвикаа претходно немилите сцени на Калето, луѓе кои не му го посакуваат доброто на македонскиот и албанскиот народ.

Од психолошки аспект верата може да значи однос на доверба меѓу две особи, два народи или пак однос на доверба на поединецот према светот. Крстот во христијанството пак преставува симбол на животот, нуди простување, мир, доверба, љубов, почитување на различностите. Ако се има во предвид сетоа ова, тогаш искажувањето омраза кон Крстот преставува акт против соживотот. Едноставно, Крстот им нуди мир и љубов, а тие, т.н. борци за „човекови права“, се спремни да го „убијат“ гласникот кој им нуди мир, соживот и просперитет на двата народа.

Зачудува фактот дека изостанува реакција на меѓународниот фактор кој обично знае кога се во прашање интересите на Албанците да меша во внатрешните работи на земјата. Но овој пат ги нема преставниците на САД и ЕУ да се појават во јавноста и да го осудат овој чин кој е насочен против македонскиот народ и соживотот во земјата. Ги нема токму оние преставници на меѓународната заедница кои во 2001 година терористите ги направија „борци за човекови права“ и ги ставија во власта. Денес ги нема западните „демократи“ за да го осудат нивниот акт кој директно е насочен против соживотот и правото на слобода на вероисповед.

Беќир Асани, шеф на огранокот на ДУИ за Чаир и негови приврзаници го претепаа Тодор Петров и неговиот пријател кој се обиде да му помогне, само затоа што е иницијатор за изградба на Крст во Бутел. Сето тоа се случувало додека во ресторантот бил присутен градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ Изет Меџити, кој првично со прст не мрднал да му помогне.Тоа се истите луѓе, како што вели Петров, организирана мафија која го тероризира градот и државата’, луѓе кои учествуваа „на сечењето на металната конструкција на црквата музеј на Калето, на кршењето на споменикот на Цар Душан на “Мостот на цивилизациите” на Вардар пред Уставниот суд…“

На свечениот чин на поставувањето на камен-темелникот на крстот во Бутел, кој беше осветен од поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и свештеници од Скопската епархија, Тодор Петров, кој е иницијатор и донатор на градбата, ќе истакне дека Крстот „не е конспирација или провокација против никого, туку нераскинлив дел од културата и историјата на Македонија“. Па оттука се наметнува прашањето дали отсуството на реакција на преставниците на САД и ЕУ значи дека тие ги поддржуваат постапките на челниците на ДУИ, кои се директно насочени против културата, историјата, но и против името и идентитетот на македонскиот народ.

Тодор Петров јавно ги посочи своите напаѓачи во ресторанот „Казабланка“. Сепак, зачудува фактот дека веќе втор ден изостанува рекацијата на МВР, која наместо веднаш да ги приведе актерите кои учествуваа во тепањето на Патров засега излезе само со едно соопштение во кое се вели дека се преземаат сите мерки и активности за целосно расветлување на случајот.

Меѓутоа, во правна држава, не смее да се има селекција и да се чека, без разлика дали се тоа членови на ДУИ или не, зошто тоа може да има многу широки импликации по мирот и стабилноста во земјата. Ако можеше ни крив ни должен МВР да го приведе градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, зошто тоа да не може да го направи и со градоначалникот на Чаир Изат Меџити. Дали техничкиот министер на МВР Оливер Спасовски од СДСМ чека инструкции од преставниците на САД и ЕУ што да прави со нивните миленичиња или пак намерно шпекулира со зголемување на тензии кои би довеле до детабилизација на земјата.  

Партиската врхушка на СДСМ која со свои кадри раководи со МВР и  упорно сака да ги избегне изборите закажани за 5 јуни, но да остане дел од власта, по се изгледа дека сака да го искористи овој настан, па затоа засега не превзема никакви чекори. Но, токму тука се гледа аматеризмот на нивните кадри, зошто изостанокот на соодветни дејствија може земјата да ја втурне во вртлог кој ќе ги зафати и самите челници на СДСМ.

Сосема е јасно дека овој напад не е насочен само кон Тодор Петров, туку тој е насочен кон македонскиот народ, македонската црква и држава. Затоа, колку и да сакаат да се правдаат, нападот врз Тодор Петров е резултат на целокупната досегашна деструктивна политика на СДСМ, која заради лични интереси на своите челници, ги парализира институциите и ги доведе во прашање Уставот и законите, како и опстанокот на македонскиот народ и држава. Единствен излез е преземање на мерки за заштита и почитување на Уставот и законите, но, не наметнати од надвор. Само така, со спроведување на редот и поредокот, можеме да ја сочуваме независна и суверена Македонија.

Со Господ напред и да е вечна Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top