Коментари

Илинден му припаѓа на македонскиот народ


Свекрва

Македонците се библиски народ, овековечени во светата книга. Во неа пишува дека Апостол Павле дошол во Македонија на повик на Македонец, а не на повик на некој наш сосед. Многу од соседите на Македонците, незадоволни од сопственото минато, со векови се обидуваат да ја уништат, преиначат или присвојат славната историја на македонскиот народ.

Во последните речиси два века уништување и присвојување на македонската историја континуирано се зголемува и трае до ден денешен. Вообичаено тој тренд  добива на интензитет пред некој значаен настан или национален празник на македонскиот народ.

Долги години сме сведоци како нашите соседи, сите тргнувајќи од своите интереси не ни го признаваат името, идентитетот, културата и црквата. Едни или други, повеќе или помалку, не блокираа во евроатланските интеграции и не попречуваат во нормалниот развој на државата. Всушност, трите соседни држави кои ја поделија Македонија во 1913 година, со години, децении, а некои со векови, ги прилагодуваат своите истории за да можат да претендираат на македонското културно наследство. Меѓутоа, тоа не е патот до просветлувањето, туку патот до пеколот, каде сите го плаќаат данокот за неброените злосторства направени врз македонскиот народ.

Денес некои се обидуваат да го присвојат Илинденското востание од 1903 година како свое, бидејќи како што велат нивните претци го кренале Востанието. Коректно е да се каже дека во Илинденското востание зеле учество и Бугари, Срби, Црногорци,Чеси, Грци и сл., исто како што е точно да се каже дека во ослободителните востанија на Србија, Бугарија, Грција и Романија учествувале и Македонци. Зарем треба Македонците да бараат и да ги присвојат нивните ослободителните востаниа само затоа што нашите претци солидаризирајќи се со своите соседи поитале со оружје врака да им помогнат да се ослободат од вековниот поробител на христијанското население на Балканот.

Сигурно не, тоа се нивни востанија во кои Македонците само помагале. Но, исто така не може да се каже дека тоа е нивно востание. Македонскиот народ не може и не смее да дозволи другите да ја присвојуваат македонската историја и македонското ослободително дело. Македонските револуционери сосема децидно се изјасниле против таквите пропаганди и затоа порано или подоцна биле ликвидирани.

Дека тоа било исклучиво дело на народ од Македонија говори и Гоце Делчев кој немајќи верба во нашите соседи вели: „Ослободението на Македонија лежи во внатрешно востание. Доколку можеше поинаку, Македонија одамна ќе беше слободна државичка.“ „ …Tоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Османлиите.”

Слично на Гоце и Јане Сандански ќе изјави: „Tреба да се бориме за издвојување на својата слобода без да се надеваме на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да не ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.” „Македонците не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Срби ниту Куцовласи, туку се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар, кои што ги подјармија Грците.”

И покрај развиените пропаганди на соседите, постојат голем број докази дека македонските револуционери се изјаснуваат како Македонци, а револуционерно дело исклучиво како македонско. Во тој контекс, како и многу други македонски револуционери, Борис Сарафов ќе каже: „Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои одделно и од српскиот и од бугарскиот… Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.“

Токму поради ваквиот отпор кај македонскиот народ, како и поради зближување на Белград и Софија, во текот на 3 дена во септември 1924 година, во Бугарија беа убиени водачите на Македонците – Илинденци, Федералисти и Сандинисти. Убиствата беа во врска со познатиот Мајски манифест од 1924 година, односно беа ликвидирани сите кои сметаа  дека ослободувањето на македонскиот народ може да се постигне преку единството на македонското ослободително движење. Едноставно македонските раководители паднаа во одбрана на македонската вистина.

За разлика од сите тие кои се обидувале и се обидуваат да ја присвојат македонската историја, македонскиот народ никогаш немал такви тенденции. Ниту сакал да биде Бугарин, ниту Србин, ниту пак Грк, па да има потреба да ја присвојува нивната историја и нивните дејци. Иако некогаш и политички и духовно владеел со дел од тие територии Македонецот никогаш не сакал да истакнува дека тие се македонски територии и тие народи се Македонци, дури кога и сами се именувале како македонијани од пределите Македонски. Едноставно и без да се навлегува многу во историјата јасно е кој е кој и од каде потекнува.

Македонија е библиска земја, за која Димитрија Чуповски вели дека е, прославена од Александар Македонски, осветена од Апостол Павле, облагородена од дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од славниот Цар Самуил, бранета од храбриот Добромир Хрс, обесмртена од Крале Марко, облеана од крвта на милион маченици за слобода….  

Илинден 1903 е дело на македонскиот народ раководен од Македонската револуционерна организација ВМРО. Народот е Организацијата, а Организација е народот – Македонци кои никогаш нема да прифатат да бидат управувани од ниту еден наш сосед или било кој друг.

Ние Македонците сме потомци на Филип II и Александар кои го освоија речиси целиот антички свет и нема да му дозволиме некому кој нема своја историја, свои светли синови, да го присвојуваат Илинден 1903.

Најново од: Коментари

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

To top