На прво место

СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАБРАНИ ПРАШАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СОБРАНИЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАБРАНИ ПРАШАЊА ЗА РЕФЕРЕНДУМ!

5 април 2017 година, Скопје, Македонија

– Денес Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на одредбите од Законот за референдум донесен 2005 година, со коишто Собранието има дефинирано прашања по кои забранува организација на референдум!

СМК бара Уставниот суд да ги поништи членот 8 став (1) зборовите “или за консултирање на граѓаните“ и став (3), членот 27 и членот 28 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 81/2005), а до донесувањето на конечната одлука, на Уставниот суд му предлага да донесе Решение за времена мерка, поради ризик од отфрлање на граѓанска иницијатива пред Собранието на Република Македонија за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво.

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.  од Уставот на Република Македонија.

Референдумот во Уставот е утврден во членот 68, како надлежност на Собранието да распишува референдум и во членот 73. Во членот 73 од Уставот “Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.“

Законодавецот во членот 8 од Законот за референдум утврдил дека референдумот може да биде одлучувачки и консултативен, според којшто одлуката донесена на референдумот за одлучување е задолжителна, а одлуката донесена на референдум за консултирање не е задолжителна, иако Уставот не познава одлучувачки и консултативен референдумот. Консултативниот референдум, за жал, е утврден и во членот 27 од Законот за референдум.

Но, за жал, во членот 28 од Законот за референдум Законодавецот утврдил прашања за кои не може да се распише референдум и во нив ги спомнал: прашањата што се однесуваат на Буџетот на Република Македонија и завршната сметка на Буџетот, за јавните давачки, за резервите на Република Македонија, за прашања на изборите, за именувањата и разрешувањата и за амнестијата; за прашања што се однесуваат на одбраната, воена и вонредна состојба и за уредбите со законска сила донесени за време на воена или вонредна состојба; како и за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, а граѓаните власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Значи, власта не се остварува само со демократски избрани претставници, туку и по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Референдумот претставува истоважен облик на остварување на власта, покрај демократски избраните претставници и другите облици на непосредно изјаснување. Мандатот на демократски избраните претставници произлегува од граѓаните. Оттука, Собранието не може со закон да го ограничува референдумот, а ексклузивно надлежен за сите прашања да се прогласи самиот тој.

Во Уставот не е утврдено ограничување на прашања за кои може да се распише, а за кои не може да се распише референдум. Затоа, неуставно е со Законот за референдум да се определува за кои прашања не може да се распише референдум.

– Се надевам дека Уставниот суд ќе ја прифати иницијативата за оценка на одредбите од Законот за референдум со кои се воведува институтот “консултативен референдум“, затоа што по уставна дефиниција референдумот е успешен или неуспешен, но успешниот секогаш е задолжителен! Референдумот е истоважен со Собранието како претставнички орган на демократски избрани претставници, затоа што суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, а граѓаните власта ја остваруваат не само преку демократски избрани претставници, туку и по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Собранието не може со закон да ограничи право на референдум по некои прашања и се надевам дека таа неправда ќе биде исправена. На референдум сите прашања заслужуваат одговор “за“ или “против“ – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top