МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЈУЖНО-АФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА
ЗА УНИТАРНА И ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА ОД ЈУГОТ НА АФРИКА!
9 април 2017 година, Јоханесбург, Јужно-Африканската Република
– Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонската заедница во Јужно-Африканската Република, вчера одржа мирен протест на плоштадот “Нелсон Мандела“ во Јоахенсбург.
– Наша порака е стоп на поделбата и федерализацијата, Македонците во Јужно-Африканската Република се за единствена, унитарна и заедничка Македонија. Македонската заедница во Јужно-Африканската Република изразува целосна поддршка на претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов и на движењето “За заедничка Македонија“ – рече координторот на Светскиот Македонски Конгрес за Јужно-Африканската Република и претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Африка, Саша Петков.
Македонската заедница во Јужно-Африканската Република отфрла двојазичност, туку Македонскиот јазик за еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.