На прво место

ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО … И ГЕМИЏИИТЕ!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Персоната нон грата Џес Бејли вели: “САД ќе поддржи заемно прифатливо решение за името меѓу Македонија и Грција. САД ги поддржуваат евро и евро-атлантските аспирации на Македонија, ама стоиме зад заклучоците од Самитот на НАТО Алијансата во Букурешт од 2008 година: Решение за името, па членство во НАТО!”

Бејли и нему сличните белосветски лешинари кои живеат од крвта на жртвите во војните што ширум светот ги провоцираат и инсталираат, пораката: Македонците никогаш нема да прифатат членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

Македонците никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Може да добиете хартија од марионетска власт, ама никогаш согласност од Македонскиот народ и од сите кои искрено ја сакаат оваа света земја на чие име се колнете кога кревате рака над Библијата дека ќе ја зборувате вистината, само вистината и ништо друго освен вистината!

Промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација не е демократија, слобода на уверување и изразување на мисла, туку најтешко кривично дело велепредавство, грубо кршење на Уставот на државата Македонија, Повелбата на Обединетите Нации и на меѓународното право, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Очигледно, страста за власт и сласта за моќ и пари се премногу силни да ги одвратат неоврховистите и колаборационистите во намерата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Лукративноста и сервилноста царуваат во нивните глави… Мислат ли тие, дека некогаш ќе се искупат за гревот кон Бога за сквернавењето на Божјата света земја Македонија?

Е затоа секогаш, историски, кога вхровистичките елити станувале сервилни кон туѓи и други интереси и централи без доверба и мандат од сопствениот електорат, без доверба и мандат од Македонскиот народ, се јавувале гемиџиите и спиралата на смртта со атентати и убиства во почеток без крај. И нема место на светот каде што може да се скријат тие и нивните. Чистењето најверојатно ќе оди без селекција и до крај.

Зарем никој не размислува дека само името на државата е нашиот единствен заеднички именител и нашиот единствен заеднички содржател. Само името на државата ја одржува монолитноста на нацијата и интегритетот на територијата. Без името Македонија, веќе никогаш нема да има сила што повторно ќе не’ обедини.

Промената на името на државата Македонија ќе го запали Балканот, ќе гори Европа!

И само вие, одродени и продадени, продолжете со експериментот што би било кога би било, затоа што сте си ја продале душата на Сатаната против татковината и родината…

Само продолжете и пробајте… Пишаното не ви бега… Го играте последниот валцер на смртта и крајот е во вашите раце… А, Македонија и без вас и со вас пак ќе ја има… Македонците и без вас и со вас пак ќе ги има! Само вас ќе ве нема, та и гробовите никој не ќе ви ги знае, затоа што еднаш веќе сте се откажале од земјата во којашто мајка ве родила!

Никогаш не заборавајте, може да са радувате на процедури за да го “избришете” името на најславната Империја кога и да е од човек создадена, името на мајката на писменоста и на христијанството во Европа, но… Македонија е пирејот, Македонците се фениксот…

Македонија од исконот до бескрајот. Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! All Macedonians for one another! Амин!

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top