Браќа,
Најсетне многуочекуваниот ден за пресметка со нашиот вечен душманин дојде.
Крвта на нашите невино загинати браќа од турската тиранија вика високо за одмазда.
Погазената чест на нашите мајки и сестри го сака своето возобновување!
Доста е толку маки, доста е толку срам!
Илјада пати подобро смрт, отколку срамен и скотски живот.
Определениот ден, во којшто народот од цела Македонија и Одринско ќе треба да излезе јавно со оружје в рака против душманите, е 20-ти јули.
Следете ги браќа, вашите водачи тој ден и соберете се под знамето на слободата.
Бидете упорни, браќа, во борбата.
Нашиот спас е само со упорна и долготрајна борба.
Нека Бог го благослови нашето праведно дело и денот на востанието.
Долу Турција! Долу тиранот! Смрт на душманите!
Да живее народот!
Да живее слободата!
Ура!
Ве милува братски: Штабот
Краткото соопштение е составено на 9 јули од Сарафов и Лозанчев, и потоа заедно со прогласот беа хектографирани во с.Боишта (на 15 јули) и препратени до сите реони.