На прво место

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во економијата е небо и земја

Македонска Нација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите шест квартали обезбеди економски раст од над 3 проценти, додека паралелно платите растат со динамика близу 10 проценти, се зголемува бројот на нововработени лица, а невработеноста е на историски најниско ниво.

Истовремено, Владата успешно се справува со предизвикот да го финансира развојот на економијата и паралелно да ги сервисира старите долгови создадени токму во периодот кога СДС беше на власт.

Минатата година беше отплатена еврообврзница во вредност од 500 милиони евра, а оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, исто така земена од владите на СДС. Половина од оваа обврска веќе е сервисирана, додека остатокот ќе биде исплатен во текот на јуни 2026 година.

Во периодот од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од старите долгови. Само од втората половина на 2024 година до првиот квартал на 2026 година беа обезбедени 1,2 милијарди евра исклучиво за сервисирање на еврообврзници земени од претходната власт.

Капиталните инвестиции денес се реализираат на историски високо ниво, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога се плаќаа аванси и анекси, а на терен немаше реализација и конкретни резултати.

Поради лошото менаџирање на државата од страна на СДС, денес државата враќа 50 милиони евра на 156 компании по основ на мерката „солидарен данок“.

Пред Фатмир Битиќи повторно да држи лекции за економија, потребно е да се потсетат и тој и граѓаните дека СДС во периодот од 2017 година до вториот квартал на 2024 година го зголеми јавниот долг за 4,78 милијарди евра, односно двојно ја задолжи државата. Притоа, економскиот раст во просек изнесуваше само 1,8 проценти, платите растеа околу 5 проценти, а инфлацијата достигна 14 проценти.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е повеќе од јасна. Граѓаните на изборите ги казнија лошите економски политики на СДС, политики што ги осиромашија граѓаните и доведоа до ситуација луѓето да преживуваат со 150 денари дневно.

Најново од: На прво место

Почина Мартин Треневски

Почина Мартин Треневски, истакнат македонски новинар, дипломат и политичар, кој остави значаен белег во јавниот и државниот живот на Македонија. Во периодот на осамостојувањето на Македонија, Треневски станал член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа беше министер за информации во првата македонска влада. Подоцна ја извршуваше и функцијата министер за иселеништво. Како дипломат беше амбасадор […]

Порталот „Македонска нација“ повикува на сенародно обединување

Политичката сцена во Македонија со години е длабоко поделена, особено околу националните прашања, односите со Бугарија и позициите поврзани со македонскиот идентитет и европските интеграции. Во такви околности, сè почесто во јавноста се отвора прашањето: ако постои можност за пошироко народно и национално обединување околу клучните државни интереси, зошто СДС упорно го избегнува тоа? Премиерот […]

Филипче и Заев добија златни визи во Дубаи – како баксузи, сега богаташите бегаат од оваа земја

Дубаи со години важеше за еден од најпосакуваните дестинации за живот и бизнис на светската елита. Луксузот, високите облакодери, модерната инфраструктура, ниските даноци и статусот на глобален финансиски центар го претворија во магнет за милионери, политичари, инвеститори и бизнисмени од целиот свет. Во последните години, јавноста во Македонија често го поврзуваше Дубаи и со информации […]

Филипче и СДС фатени во отворена соработка со бугарски националисти

Рубин Земон во друштво на Виктор Стојанов кој ја негира Македонија Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, е во друштво на бугарскиот активист Виктор Стојанов – човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого во Македонија се води кривична постапка – претставува јасен показател со какви структури соработуваат […]

Македонска нација со честитка по повод 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј

Порталот „Македонска нација“ на сите граѓани им го честита 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Нивното велико дело претставува темел на словенската писменост, духовност и култура. Со создавањето на глаголицата тие го отворија патот кон образованието, писменоста и зачувувањето на јазикот и идентитетот на словенските народи. Светите Кирил и […]

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители

Со особена почит и благодарност, денес им оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј – сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност. Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука – глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј овозможија ширење на Божјото […]

Министерство за транспорт: СДС повторно шири невистини за набавката на 150 електрични автобуси

Министерството за транспорт преку соопштение реагира на обвинувањата на СДСМ поврзани со поништената постапка за набавка на 150 електрични автобуси, оценувајќи дека станува збор за „невистини, манипулации и политичка паника“. Од Министерството посочуваат дека, како што велат, очајот во СДСМ по објавувањето на фотографијата со Рубин Земон и Виктор Стојанов довел до нов бран, како […]

24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј

На 24 мај Македонија и целиот словенски свет им оддаваат почит на светите браќа Кирил и Методиј – просветители, мисионери и творци на словенската писменост, чие дело оставило неизбришлива трага во историјата, културата и духовноста на словенските народи. Светите браќа се родени во Солун во IX век, во време кога словенските народи сè уште немале […]

To top