На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

Македонска Нација

Македонска Нација

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“.

Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за самостојна и независна држава со тоа добила уставна рамка.

На научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на Уставот, претседателката Сиљановска-Давкова се присети на расправите во Комисијата за уставни прашања, во чија работа учествувала како надворешен член. Таа ги опиша како долги и посветени дебати во кои учесниците, водени од демократските идеали и од заложбата за заштита на човековите права и слободи, настојувале да создадат Устав по мерка на европските демократии.

„Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате граѓаните и гласате по сопствено уверување. Јас имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот“, рече претседателката во обраќањето до пратениците.

Зошто толку често се менува Уставот?

Сиљановска-Давкова потсети дека првите два амандмани биле усвоени уште во 1992 година, „уште неисушено мастилото“ од донесувањето на Уставот. Според неа, барањето за тие измени дошло однадвор.

Претседателката посочи дека Уставот досега претрпел 36 амандмани. Според податоците што ги изнесе, во 15 случаи измените биле иницирани во земјата, а во 21 случај посредувала меѓународната заедница. Таа го отвори и прашањето за уставниот патриотизам, прашувајќи зошто толку често се менува највисокиот правен акт, кој го опиша како најважен општествен договор меѓу граѓаните и македонската држава.

Подготвеност за разговори со Бугарија и барање за извесност

Во изјава за новинарите по конференцијата, Сиљановска-Давкова рече дека засега не може да каже дали има сигнали за придвижување на македонскиот пристапен процес кон Европската Унија. Таа посочи дека се водат разговори со највисоките претставници на ЕУ и дека Македонија е подготвена за разговори и со Бугарија.

Претседателката нагласи дека Македонија очекува ист третман како и другите земји и бара извесност за тоа што ќе следува по евентуалната уставна измена.

„Се разбира дека ние не сме радикални во барањата. Ние само сакаме извесност. Ние само сакаме да не биде ова уште една измена заради измена по која ќе следува нова. Ние не сакаме да бидеме третирани поинаку од другите, едноставно сакаме да знаеме дека ако нешто мора под наводници да се направи, дека тоа нема да биде само едно од многуте други“, рече Сиљановска-Давкова.

Научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав беше во организација на Собранието, Институт за национална историја и Државниот архив. Поздравни обраќања на настанот имаа и директорот на Државниот архив, Димитар Богески, и директорот на Институт за национална историја, Митко Панов, а симпозиумот го отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Најново од: На прво место

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС. Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред […]

To top