На прво место

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС.

Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред колапс, другпат нема пари за плати и пензии, па следува тврдењето за договор за прием на мигранти, Бугарите во Уставот,…

Со „Алта банка“ сирената повторно е пуштена на најјако. Толку гласно што едвај се слуша едно прашање до СДС: што правела вашата влада кога „Алта банка“ се нашла на дневен ред?

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со сериозни обвинувања на сметка на СДСМ и ДУИ, тврдејќи дека во позадина на влезот на српската „Алта банка“ на македонскиот пазар стојат директни бизнис-интереси и финансиски трансакции поврзани со семејниот круг на ДУИ.

Како што наведуваат од партијата, српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој се наоѓа во притвор во Србија, контролата врз битолската банка ја презел преку купување акции директно од компанијата „АС Сењак“ од Кичево, во сопственост на Селаудин Арифи.

Ајде ред се редат датумите:

  • 24 октомври 2023 година. На седница на Владата на СДС и ДУИ, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими го отвора прашањето за „Алта банка“. Според записникот, Владата го задолжува Државното правобранителство да постапи пред српските органи, доколку има законска основа, за заштита на државните интереси во врска со акциите во белградската банка.
  • Октомври 2024 година, „АС Сењак“ купува пакет акции во Стопанска банка Битола.
  • Јуни 2025 година, фирма поврзана со „АС Сењак“ добива кредит од пет милиони евра од „Алта банка“ во Белград.
  • 17 септември 2025 година, „АС Сењак“ ѝ ги продава своите акции во битолската банка на белградската „Алта банка“.
  • Според објавата во „Службен весник“, до тој датум понудата за преземање ја прифатиле 54 акционери.

Филипче вели дека Владата во 2023 година не одобрила продажба на акциите во белградската банка. Останува да каже што точно предложил Бесими, што презело Правобранителството и каков бил исходот и има ли врска меѓу кредитот и продажбата?

Ако во СДС веќе го имаат насловот за утрешното црно соопштение за друга „афера“ , нека го зачуваат како нацрт.

Денес нека одговорат за „Алта банка“, микрофонот и онака е вклучен.

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top