Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот. Проценетата вредност на неопходните зафати изнесува околу 40.000 евра.
Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување и да се зачува за идните генерации, Црковниот одбор започна активности за стабилизација и зацврстување на објектот.
Според информациите од Одборот, изработен е стручен проект од Градежниот факултет во Скопје, врз чија основа се изведува потпорна конструкција со армирани столбови и други неопходни зафати.
За реализација на работите потребни се околу 40.000 евра. Секоја донација, без разлика на износот, претставува значаен придонес кон зачувувањето на ова духовно и културно наследство на Зубовце.
Податоци за донации:
Примател: Здружение на граѓани „Месна заедница с. Зубовце“
Жиро-сметка: 210500004416556
Банка: НЛБ Банка
„Со заедничко донирање да ја зачуваме ‘Св. Марена’ – дел од верата, историјата и духовното наследство на Зубовце. Она што сме го наследиле од нашите предци, наша обврска е да го зачуваме за оние што доаѓаат по нас“, порачуваат од Црковниот одбор.
Црковен одбор на „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“, с. Зубовце